„Она што е клучно сега е да се одржи трансатлантската врска што е можно посилно. Доста сум уверен во Франција, на пример, но кога ќе погледнеме што се случува во Романија или во Чешката Република, гледаме дека многу Европејци, кога станува збор за Украина, претпочитаат да зборуваат за ‘мир преку гас’. Тие замислуваат дека мирот може да се постигне преку спогодба помеѓу Русија и САД — а тоа е огромен ризик за Европа“, истакна Жан-Ив Леконте, поранешен член на Сенатот на Франција, на настанот на Вестимистерскиот сојуз за Украина.
„Што се однесува до Коалицијата на подготвените, истата не треба повеќе да чека да дејствува. Ако оваа коалиција е сериозна, треба да ја зголеми својата поддршка за Украина денес — повеќе финансиска поддршка, повеќе муниција — а не да се чека прекин на огнот. Коалицијата мора да дејствува сега ако вистински сака да биде коалиција на победници“, рече Леконте.
Превод: Н. Цветковска