Европските лидери не успеаја да се договорат за најновиот, 18-ти пакет санкции за Русија на синоќешниот состанок на Европскиот совет во Брисел, при што Унгарија и Словачка цврсто се спротивставија на предложените мерки, пренесе Гардијан.
Поточно, тие се спротивставија на посебниот предлог на ЕУ за постепено укинување на увозот на руска енергија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави преку ноќ дека двете земји се „еден тим“, инсистирајќи дека „не можеме да го прифатиме предлогот на ЕУ дека повеќе не треба да купуваме руска нафта и гас“.
Во текот на ноќта, Русија испалила над 350 беспилотни летала и осум ракети кон Украина, главно насочени кон малиот западен град Старокостјантинив, каде што се наоѓа важна украинска воздухопловна база.
Но, лидерите на ЕУ се согласија за нивниот пристап кон претстојните трговски преговори со САД, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави:
„Нашата порака денес е јасна, ние сме подготвени за договор“.
Но, потоа таа предупреди:
„Во исто време, се подготвуваме за можноста да не се постигне задоволителен договор… и ќе го браниме европскиот интерес по потреба. Накратко, сите опции остануваат на маса.“, пишува Гардијан.
Д. Т.