Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.
– Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост. Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!, се вели во соопштението.
Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат нивниот пример.
– Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите. Посетете ја: www.mtsp.gov.mk, се наведува во соопштението.
Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади