• Latest

Литванија: Мочуриштето ја откри трагедијата: Пронајдени телата на тројца американски војници, еден сè уште се бара

April 1, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Литванија: Мочуриштето ја откри трагедијата: Пронајдени телата на тројца американски војници, еден сè уште се бара

April 1, 2025 09:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкудневна потрага, тројца од четворицата американски војници исчезнати во Литванија се пронајдени мртви. Продолжува потрагата по четвртиот војник во воениот полигон Пабраде, соопшти американската армија. Истрага за причините за несреќата започнаа и американските вооружени сили и литванските власти. Спасувачките екипи претходно од мочуриште успеале да го извлечат тенкот во кој  биле исчезнатите, тежок неколку тони. Четворицата војници се водат како исчезнати од минатиот вторник (25 март, 2025). Според американски извори, тие извршувале тактичка обука тој ден, пренесува Дојче Веле.

„Тажен ден за цела Литванија“

Литванскиот министер за одбрана Довиле Сакалиен зборуваше за „болна загуба“ и „многу тажен ден за цела Литванија“. „Можеме да ве увериме дека нема да мируваме додека не го пронајдеме последниот исчезнат војник“, напиша таа на платформата Х. Претседателот Гитанас Наузеда и министерот за надворешни работи Кестутис Будрис, исто така, изразија сочувство до семејствата на војниците.

Стејт департмент на САД во Вашингтон порача дека е во шок поради смртта на тројцата војници, изрази сочувство до нивните семејства и им се заблагодари на службите за итни случаи за неколкудневната операција за пребарување.

Мочуришната област беше исушена

Кога војниците не се вратија од вежбата во вторникот, литванската војска и полиција заедно со американската војска започнаа операција за пребарување. Во операцијата учествуваа стотици војници и спасувачи. Ова на крајот доведе до локацијата на тенкот „М88 Херкулес“ во мочуришна област на полигонот за обука. За да стигнат до тенкот, кој беше потопен речиси пет метри длабоко и под водената линија, спасувачите мораа да ја исушат мочуришната површина на локацијата. Со денови беа испумпувани вода и кал  и пото со чакал и песок беше стабилизирано мочурливото тло околу локацијата на тенкот. По пронаоѓањето на возилото тешко 70 тони во понеделникот вечерта, литванските власти првично не дадоа никакви информации дали се пронајдени војниците. Пабраде се наоѓа на источното крило на НАТО, недалеку од границата со Белорусија. Сочувството во Литванија е високо: Во катедралата во Вилнус во неделата имаше заедничка молитва за исчезнатите војници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ