• Latest

Лога со барање да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор

November 3, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога со барање да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор

November 3, 2023 15:58
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Кренар Лога најавува дека ќе испрати писмо до претседателот Стево Пендаровски за свикување на седница на Советот за безбедност на која, како што вели, ќе се разгледа состојбата со над 2 800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои претставуваат потенцијална опасност за целото општество.

Посебно писмо, како што информираат од Министерството за правда, Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи и директорите на АНБ и АР, каде ќе се побарат истите информации.

– Министерот за правда, Кренар Лога, ќе испрати писмо до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во кое ќе побара да свика седница на Советот за безбедност. На оваа седница министерот Лога ќе побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои претставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија вчера не доби поддршка од Собранието, додека министерот за правда Кренар Лога најави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка.

Собранието при утврдувањето на дневниот ред на 129 седница, со 66 гласа „против“, 17 „за“ и тројца „воздржани“, не go изгласа предлогот за носење на Законот за амнестија по скратена постапка. Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да се изземат  од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Министерот Лога пред почетокот на 129. собраниска седница на пратениците им достави албум со фотографии од затворот Идризово, порачувајќи дека одговорноста сега е на Собранието.

-Имате 2100 осуденици во затвор кои имаат лежено повеќе  од две третини ако во овој дел се амнестираат имаат 2800 исто така осуденици кои се на улица. И сега реториката дека криминалци ќе излегуваат на улица не е во ред. Вкупно 2 800 тие се на улица што веќе ги имаме меѓу нас. За ова дали имаат одговор. Јас сакав одговорноста како министер да ја префрлам каде што треба да прифатат одговорност. Одговорноста за ваквите чекори му припаѓа денеска на Собранието. И за жал си донесоа таков став. Ќе пробам уште еднаш, истакна Лога.

Со предлог законот се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996. Во моментот, 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 треба да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ