ЦИВИЛ ја презентираше својата прелиминарна оценка за вториот круг и целокупниот тек на локалните избори 2025 година. Според набљудувачите и аналитичкиот тим на организацијата, изборниот процес се одвиваше во формален ред, но со сериозни системски и институционални недостатоци што ја поткопуваат довербата на граѓанките и граѓаните во изборниот систем.
Формален процес без суштински интегритет
Формално, локалните избори во 2025 година беа навидум мирни и регуларни, а граѓанките и граѓаните имаа можност да ја изразат својата избирачка волја.
Сепак, деновите на гласање во првиот и вториот круг беа придружени со суштински недостатоци што го доведуваат во прашање демократскиот интегритет на процесот.
Зад административната дисциплина и навременото отворање на избирачките места се криеја длабоки структурни слабости, политизација и институционална инертност, кои ја поткопуваат довербата на граѓанките и граѓаните во изборниот систем.
Државата повторно покажа дека не поседува целосно функционален, транспарентен и доверлив изборен механизам, способен да обезбеди изборен процес што во целост ги исполнува демократските стандарди.
Заклучок
Во целина, локалните избори во 2025 година го потврдија хроничниот дефицит на политичка култура, институционална подготвеност и почитување на основните демократски стандарди.
Иако процесот формално се одвиваше во рамките на законитоста и процедурите, суштинскиот интегритет остана нарушен — од избирачкиот список и техничките слабости, до изборниот молк и притисоците врз гласачите.
Државата повторно покажа дека не поседува целосно функционален, транспарентен и доверлив изборен механизам, способен да обезбеди изборен процес што во целост ги исполнува демократските стандарди.
И двата изборни круга поминаа без големи инциденти, но без суштински интегритет.
Се гласа, се брои и се објавуваат резултати — но под површината на мирните и демократски избори се кријат манипулации, страв, притисок и апатија, што создава опасна трансформација на демократијата во ритуал без содржина.
Потребна е сериозна институционална реформа и професионализација на изборниот систем, а не декларативна посветеност на демократијата.
Прв дел од прелеминарниот извештај за локални избори 2025 изработено во рамките на „Демократски навигатор – Стратешки одговор на дезинформации и хибридни закани (2025)“, предводен од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.












