• Latest
Жарко Трајаноски

Локалните избори во Скопје: Анкети, аналитичари и кампањи

September 30, 2021

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Локалните избори во Скопје: Анкети, аналитичари и кампањи

September 30, 2021 06:15
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Според едно „непишано“ правило, победата во главниот град Скопје се смета не само за победа на локалните, туку и на парламентарните избори. Токму затоа и политичката битка за Скопје како „круна“ на секои избори беше набљудувана и анализирана со посебен интерес на последните локални избори во 2017.

Но што научивме од минатите локални избори за градот Скопје? Првенствено, дека не може да им се верува ниту на анкетите, ниту на аналитичарите. Дали сега може да им се верува на анкетите и на аналитичарите, ако знаеме дека убедливо промашија пред минатите локални избори за Скопје?

Што „предвидуваа“ анкетите и аналитичарите во 2017-та

Пред почетокот на изборната кампања за локалните избори 2017 беше актуелна анкетата на ИРИ, спроведена во август 2017, според која партискиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ (23 %) имаше предност пред партискиот кандидат на СДСМ (16 %) од 7 %. За гласањето во Советот на Град Скопје, предноста на ВМРО-ДПМНЕ (22 %) беше 5 % во однос на СДСМ (17 %).

За време на кампањата, Институтот „Димитрија Чуповски“ излезе во јавноста со податоци од анкета кои предвидуваа огромна предност од 16.8 % за ВМРО-ДПМНЕ (38.6 %) пред СДСМ (21.8 %). Истата анкета, објавена на почетокот на октомври 2017, сугерираше дека највисок рејтинг има актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски (36,2 %), дури 10,1 % повеќе од неговиот противкандидат од СДСМ Петре Шилегов.

Една седмица пред првиот круг на локалните избори 2017, ТВ Телма имаше посебна емисија „Анкета: Кој ќе победи на локалните избори во Скопје“ (спроведена од „М Проспект“ од 23 септември до 2 октомври 2017). Анкетата предвидуваше благо водство на Петре Шилегов (37,1 %) во однос на Коце Трајановски (34,6 %) и благо водство на СДСМ (33,8 %) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (31,7 %) на советничките листи.

Аналитичарите во студиото на Телма се изјаснија дека „состојбите изгледаат прилично изедначено“ и дека „можеме да очекуваме доста неизвесна битка“ (Сашо Клековски); „оваа разлика од 2,5 % што ја проектира нашата анкета безмалку со сигурност кажува еден факт, а тоа е дека ќе има втор круг… не гледам како може некој од кандидатите да има двоцифрена предност, значи од некои 10 % за да победи во прв круг“ (Атанас Кировски); „Ова е во рамки на статистичка грешка резултатот, прво, со сигурност – не најверојатно, него со сигурност ќе има втор круг во Скопје…“ (Владимир Божиновски).

Што покажаа резултатите на локалните избори за Скопје

Резултатите на локалните избори за Скопје покажаа дека процентите на анкетите и проценките на аналитичарите беа сосем промашени.

Се разбира, најголемо промашување имаа процентите од анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ која предвидуваше 10,1 % предност на Коце Трајановски, кој уште во прв круг загуби со 14,15 % од Петре Шилегов, што е промашување поголемо од 24 %! Промаши и анкетата на ИРИ за повеќе од 21 % во Скопје, и за повеќе од 14 % за Советот на Град Скопје, каде што наместо 5 % предност за ВМРО-ДПМНЕ, на крајот СДСМ се здоби со предност од повеќе од 9 %.

Промаши и анкетатата на ТВ Телма за 11,65 %, за градоначалник на Скопје, а аналитичарите кои предвидуваа изедначена и неизвесна борба се изрезилија пред македонската јавност. На крај на првиот круг испадна дека состојбите воопшто не биле изедначени и дека битката за Скопје воопшто не била неизвесна. Она што се претставуваше како „факт“ – дека ќе има втор круг, „со сигурност ќе има втор круг во Скопје“ – излезе дека не бил никаков факт, туку многу лоша процена на аналитичарите.

И проекцијата на ТВ Телма дека „во Гази Баба ќе имаме победник во првиот круг, а тоа најверојатно ќе биде Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ“ (Боби Христов) испадна големо промашување, затоа што таму имаше победа дури во вториот круг. Но не победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој предвреме беше „проектиран“ како градоначалник на Гази Баба, туку кандидатот на СДСМ.

На 10 октомври 2017-та, пет дена пред изборите осамна и насловот „Скопје ќе добие градоначалник во вториот круг“ („Гласот на Америка“) со заклучок: „Сите анкети, покажуваат дека скопјани ќе го добијат својот градоначалник во вториот круг“. За помалку од една седмица, насловот стана лажна вест, а анкетарите, аналитичарите и новинарите кои им поверуваа, станаа предмет на подбишега.

Искуството од локалните избори 2017

Како да се објасни овој феномен на големо промашување на анкетите и аналитичарите во 2017-та и дали може да се извлече некаква поука од него?

Има повеќе можни објаснувања. Прво, можно е анкетите да не биле реално спроведени, туку да станале составен дел од предизборната кампања со дезинформации. Второ, можно е голем дел од неопределените гласачи за време на кампањата да се определиле за една опција. Трето, можно е да се погрешни претпоставките дека кампањите малку влијаат врз гласачкото тело, особено во нашиот политички контекст.

Како и да е, поуката од погрешните анкети и анализи во 2017-та е дека на анкетарите и аналитичарите не треба да се потпираат ниту гласачите, ниту политичарите, ниту пак медиумите. И во 2021-ва сме сведоци на противречни резултати од анкети (некои од нови и сомнителни организации), па дури и обиди политички да се дискредитираат анкетари. Сепак, фокусот и на гласачите, и на политичарите, и на медиумите треба да биде на изборната понуда во кампањата, а не на анкетите и аналитичарите.

Во балкански политички контекст, каде што гласачкото тело е прилично нестабилно (погледнете го само искуството од Бугарија на последните неколку избори), дури и најмали политички одлуки за и во кампањата можат да направат големи разлики во ставовите и поведението на гласачите на денот на изборите.

Кампањите во 2017-та играа огромна улога во одлуките на скопјани на денот на изборите, па можеме да претпоставиме дека ќе играат голема улога и во 2021-ва.

Од што ќе зависи успехот на политичките камањи?

Успешноста на политичките кампањи ќе зависи од повеќе фактори. Прво, од изборот и комуникативноста на клучните пораки и гласници кои ќе ги мотивираат скопјани да излезат на изборите и да гласаат. Напоредно со кампањата за излезност, може да се очекува партиите да водат и кампања за обесхрабрување на излезност кај неистомислениците и целните групи кај што имаат негативни разлики.

Второ, успешноста на кампањите ќе зависи од комуникативноста на пораките, моќта на каналите на комуникација и од уверливоста на гласноговорниците кои ќе им се обраќаат на неопределените, со цел да ги убедат да гласаат за нивната опција.

Трето, успешноста на кампањите ќе зависи од одлуките на менаџерите на кампањите каде и колку да ги распределат ресурсите – на најгледаните телевизии во Скопје, на највлијателните портали, весници и инфлуенсери на социјалните мрежи, или пак, на настани на терен во непосредна комуникација со граѓаните.

Четврто, освен од таргетираноста на кампањите, нивната успешност ќе зависи и од пробивноста и веродостојноста на пораките и квалитетот на изборната понуда пред гласачите.

Петто, успешноста ќе зависи од изборот на клучните скопски теми, пораки и проекти кои ќе им се понудат на потенцијалните гласачи, и колку истите кореспондираат со актуелните проблеми, теми и грижи кои ги засегаат скопјани. На пример, ако некоја кампања се префокусира на одредени теми што не се актуелни кај гласачите, а друга кампања добро ги одмери клучните теми и проблеми на скопјани, втората може да очекува многу поголема успешност.

Шесто, успешноста на политичките кампањи во Скопје ќе зависи и од нивната прилагодливост на ургентните потреби на микросредините (улиците, маалата и населбите), како и од соработката помеѓу кандидатите за градоначалници во Скопје, со кандидатите за градоначалници на скопските општини и носителите и клучните кандидати на советничките листи.

Седмо, успешноста на политичките кампањи ќе зависи и од тоа колку кандидатите за градоначалници и советници ќе комуницираат за себе и нивните противкандидати, а колку за проблемите на скопјани и проектите што ќе ги понудат за нивно решавање.

Од сите овие фактори, како и од успешноста на негативните кампањи (кои се посебна приказна), ќе зависи и резултатот во првиот круг на локалните избори 2021.


Извор: Слободен печат
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ