„Она што е многу важно—и што сите учесници не смеат да го заборават—е битката за јавното мислење. Ова е клучно. Парламентите се составени од избрани пратеници, но ако тие пратеници ја немаат поддршката од луѓето кои гласаат за нив, ќе стане многу тешко да се продолжи со поддршката за Украина и одбраната на Европа како целина“, рече Филип Лорет, Претседател на Асоцијацијата Жан Моне и застапник за европска интеграција и федерализам на настант на Вестминистерскиот сојуз за Украина.
„Оваа битка за јавното мислење мора да се добие и сите можеме да придонесеме за постигнување на таа цел. Тоа е од суштинско значење. Знаеме дека, во реалноста, многу луѓе не се запознаени со договорите—тие не ги читаат, а понекогаш и не ги разбираат. Но, она што луѓето го разбираат, во нивниот секојдневен живот, е дека безбедноста е на прво место“, рече Лорет.
Превод: Н. Цветковска