Парализирана, без никаква помош и во многу лоши услови, живее Пендије Кангули во ромското маало „29 Ноември“ во Тетово. Нејзината снаа за ЦИВИЛ Медиа вели дека секојдневно мака мачи за да ја чува.
ЦИВИЛ продолжи со иницијативата секој работен ден, точно во 12 часот, во директна комуникација со граѓанките и граѓаните да ги промовира, а воедно и информира за проектните активности на организацијата.
Кривичниот суд во Скопје го ослободи од одговорноста премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“. Во читањето на пресудата, судијата Дарко Тодоровски, наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.
За предлогот за името „Република Илинденска Македонија„ освен ВМРО-ДПМНЕ и изјавата на Христијан Мицкоски дека допрва партијата ќе одлучува за предлогот и дека останува на ставот дека нема да дозволи промена на Уставот, се јави и Единствена Македонија, Обединета македонска дијаспора, Левица и Беса секој од свој агол, но истиот став, дека предлогот е крајно проблематично.
Укажувачите кои го открија масовното прислушување, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, се номинирани за европската награда која ја доделува Европскиот Парламент. Годинешната награда под мотото „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“ е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка која беше убиена поради откривање на скандалот со корупција и криминал во Малта.
Поддршка стига од сите страни по најавата за смена на министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Подршка за министерот стига од регионот и преку он-лајн петиција.
Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер на Народна банка на Република Македонија.
Д.М.