• Latest

Македонските политички елити не се заинтересирани за расчистување со криминалот и корупцијата

September 30, 2019

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонските политички елити не се заинтересирани за расчистување со криминалот и корупцијата

Зачудува отсуството на интуиција, знаење, но и незаинтересираност на обвинителите од СЈО, на правосудските и државните органи за обезбедување на докази за украдените и илегално изнесените пари од државата. Американската организација Глобален финансиски идентитет, пред околу три години, објави податок дека почнувајќи од 2005 година во наредните 10 години од Република Македонија илегално се изнесувани просечно по 450 милиони долари годишно, што значи дека од нашата држава се украдени и илегално изнесени околу 5 милијарди долари!

September 30, 2019 10:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Во изборната кампања за последните парламентарни избори, тогашниот опозициски лидер и сегашен премиер Заев најави дека со свои пари ќе купи бројчаник кој ќе биде поставен на Триумфалната капија и кој ќе ги покажува износите на вратените украдени пари! Меѓутоа, поминаа повеќе години, а бројчаникот се уште не е поставен! Помпезно беше најавено дека во буџетот, на основа на судска пресуда, ќе бидат вратени 17 милиони евра, но, овие пари доколку се вратат, се од бизнисмен, а не од политичар!?

Во повеќе наврати изразував сомнежи за постоење на тајни договори на политичките елити за заемно воздржување од реваншизам! Ваквите договори се во согласност со народната поговорка: „Врана на врана очи не вади“! Договорот за немање на реваншизам беше постигнат при промената на власта во 1998 година и, на основа на повеќе индикации се сомневам дека истиот се уште важи!? Еден поранешен премиер, кој е познат по своите ептен „лепливи прсти“, со правосилна судска пресуда е осуден на затворска казна од три години, но, минуваат години, а осудениот никако да се најде в затвор! Друг поранешен премиер кој со правосилна судска пресуда е осуден на затворска казна од 2 години избега и сега е азилант во Унгарија! За неговото бегство од државата се  шират разни верзии (пребегал во багажник од возило!?), но, никој не сносеше  одговорност за неговото бегство!?

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше формирано со цел да стави крај на криминалот, на корупцијата, на изборните нерегуларности, на насилството и на слични пороци на претходната власт, но, ова обвинителство не само што не ја изврши својата задача, туку се стави во улога на заштитник на криминалот и корупцијата во државата! Некој очигледно намерно СЈО го навлече на тенок лед и така го доведе во состојба да си изврши самоубиство, а со тоа е зададен смртен удар на правната држава и на владеењето на правото во државата!

Зачудува отсуството на интуиција, знаење, но и незаинтересираност на обвинителите од СЈО, на правосудските и државните органи за обезбедување на докази за украдените и илегално изнесените пари од државата. Американската организација Глобален финансиски идентитет, пред околу три години, објави податок дека почнувајќи од 2005 година во наредните 10 години од Република Македонија илегално се изнесувани просечно по 450 милиони долари годишно, што значи дека од нашата држава се украдени и илегално изнесени околу 5 милијарди долари! Како не му текна некому од надлежните мкедонски органи да се обрати до споменатата американска организација со барање  да им достави податоци за тоа колку пари се украдени и илегално изнесени од нашата држава, во која перилница на пари и на чии лични сметки легнале укардените пари? Директорката на Институтот „Адриатик“ од Риека Наташа Срдоч тврди дека доколку надлежните македонски органи се обратат до Федералното истражно биро на САД (ФБИ) со барање да им достави податоци за корупцијата, вклучително и за нелегално изнесените пари од Македонија, без сомнение би добиле вакви податоци! Воздржувањето на македонските власти да расчистат со арамилакот и нелегалното изнесување на украдени пари од државата покажува дека македонските политички елити не се заинтересирани за расчистување на матните работи со парите во нашата држава!?

Транзицијата во Република Македонија уште на почетокот тргна во погрешна насока! Со натурањето на идејата за Експертска влада беа нарушени правилата и принципите на парламентарната демократија, а пак со криминалната приватизација беше направен „еконоски геноцид“ во државата! Подетално за грешките, гафовите и глупостите на политичарите во мојата книга „Криво насадена демократија“, која е збирка на колумни објавени пред околу две децении. Успешни транзиции имаат само оние посткомунистички земји кои имаа демократски традиции, во кои на првите слободни избори дојдоа нови луѓе, кои беа репресирани и/ли лежеа в затвор во времето на стариот систем и кои не ги прифатија идеите и сугестиите на неолибералите за приватизација по принципот „шок терапија“!

На 24 декември пред седум години се случи исфрлање на опозициските пратеници и на новинарите од Собранието на РМ. За расчистување на овој случај беше формирана Анкетна комисија, но, за жал, Комисијата воопшто не профункционира! Никој не беше повикан на одговорност за насилството над пратениците и новинарите! Како последица на неказнивоста за насилстото, на 27 април 2017 година се случи уште поголемо насилство во Собранието кое беше оквалификувано како тероризам! За расчистување на овој случај беше формирано СЈО, кое за жал не си ја изврши задачата за која беше формирано. Впечаток е дека СЈО работеше под силно влијание на политичките елити, кои не се заинтересирани за расчистувње со криминалот, корупцијата и насилството и за владеење на правото во државата!

Во последно време моќни меѓународни фактори внимателно ги следат состојбите во З. Балкан и подготвуват сценарија за стабилизација на регионот, при што не се исклучува ни опцијата за неговото преуредување, вклучително и со исцртување на нови граници на земјите од регионот. Нема сомнение дека доколку биде донесена одлука за нови граници на З. Балкан први на удар ќе бидат РС Македонија и БиХ.! Меѓутоа, македонските политичари или не се свесни за ваквата опасност или, пак, токму тоа го посакуваат со цел да  избегнат одговорноста за криминалот, корупцијата и насилствата. А со украдените пари можат луксузно да си живеат во Монако, на Флорида, во Швајцарија, во Чешката Република и во други земји.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ