• Latest

Македонските војници мировници и во мисии и на вежбите со сојузниците

May 23, 2021

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските војници мировници и во мисии и на вежбите со сојузниците

May 23, 2021 10:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мировни операции во патроли со возила и пеш, обезбедување на база, ескорт на конвои, но и проигрување на голем број инциденти како наидување на раселени лица, напад на конвои и патроли и реализација на голем број на боеви гаѓања се темите на увежбување во првата недела од воена вежба „Одлучен удар 21“ која се одржува на Армискиот полигон криволак од 17 мај до 2 јуни 2021 година.

Македонската Армија, во една од вежбите, ја покажа својата подготвеност и способност на дело каде на мирен начин го продолжи движењето на воениот конвој кој требаше да достави помош од храна и лекови во едно село, а беше пресретнат од поголема група мигранти кои го блокираа патот на армиските возила.

Ова е една од повеќето успешни симулации на инцидент кои ги изведе Вториот пешадиски баталјон на Армијата на Република Северна Македонија, кој е и декларирана единица, во рамки на воената вежба “Одлучен удар 21”.

Со околу 1500 армиски припадници од четири земји, мултинационалната вежба „Одлучен удар – 21“ е првата вежба која е организирана и предводена од Армијата на Република Северна Македонија по членството во НАТО, заедно со Армијата на Соединетите Американски Држави, во која учествуваат уште две армии на членки на Алијансата, Бугарија и Грција, како дел од заедничката програма за вежби на USEUCOM-AF. Вежбата е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, Европски бранител 21 односно, „Defender Europe21” предводена од Армијата на САД, која се изведува на територијата на 12 држави на 30 воени полигони, со учество на 27 земји, со 28.000 војници.

Сценариото на „Одлучен удар 21“ е демонстрирање подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана, кое вклучува комјутерски поддржани вежби, теренска обука и вежби со боеви гаѓања. Синхронизација на комбинирани вооружени сили и потврда на тактиките, техниките и процедурите со другите земји учеснички на НАТО за спроведување на координирани конвенционални и здружени операции во урбана средина во сите временски услови. Подобрување на нивото на интероперабилност на декларираните состави и извежбување со земјите партнери.

Вежбата, меѓу другите цели, го промовира полигонот „Криволак“, како и неговите капацитет за обука, ги потврдува националните партнерски процедури RSOI (Reception, Staging, Onward Movement and Integration), ја потврдува ефективност во командувањето при реализација на процесот на донесување на воена одлука (ПДВО), преку користење на аналогни и дигитални процеси, како и градење на подготвеност и меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу армиите на НАТО и партнерските армии низ широк спектар на речиси симултани операции кои се изведуваат во повеќе зони.

За предвидените активности четирите армии користат муниција за пешадиско вооружување калибар 5,56 мм, 7,62 мм, 7,9 мм и артилериска муниција 82 и 120 милиметри, а симулациите се изведуваат со хелихоптерите МИ 7/18 и 24, како и со оклопните транспортери Хермалин и Хамер.

Директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски на брифингот за вежбата рече дека „Одлучен удар – 21“ е извонредна можност за јакнење на интероперабилноста на македонската армија со останатите земји учеснички во неа и сојузници од НАТО, зголемување на борбената готовност и потврда на напорите за трансформација на Армијата.

Командантот на  баталјонот, потполковник Стојанче Костов појасни дека лесниот пешадиски баталјон е примарна единица и најголем НАТО  капацитет, кој учествува на оваа вежба. Вежбата се базира на фиктивно сценарио кое има цел да демонстрира подготвеност на НАТО силите за колективна одбрана, која подоцна ќе премине во против напад, појасни Костов.

-Целта на цежбата е покажување на интероперабилност, помеѓу нашите и НАТО партнерите. Таа се базира на фиктивно сценарио кое има цел да демонстрира подготвеност на НАТО силите за изведување на колективна одбрана која подоцна ќе премине во против напад. Лесниот пешадиски баталјон има повеќе цели за исполнување на вежбата, а една од целите е и покажување на моменталната подготвеност. На вежбата учествува и четвртата бригада за асистенција и поддршка на армијата на САД која со своите три тима врши обука и советување на лесниот пешадиски баталјон, кои тимови до крајот на годината ќе бидат со нашата единица и ќе вршат обука, истакна Костов.

Според портпаролот на Генералштабот на Армијата потполковник Тони Јаневски, вежбата има цел да ја покаже интероперабилноста и нашата подготвеност со НАТО партнерите да изведуваме заеднички активности во мировни операции и други вежбовни активности.

-Армијата на Република Северна Македонија и Генералштабот ги вложија сите капацитети во однос да се прикажеме во најдобро светло како би можела да изгледа една вежба која е достојна за секој НАТО партнер, односно како рамноправна земја членка на Алијансата, потенцира Јаневски.

Највисокиот воен претставник од НАТО, бригадниот генерал Џонатан Честнут оцени дека заедничкото и напорно работење, одржувањето на колективниот дух, единството и солидарноста го прават овој сојуз посебен. И директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски, порача дека успехот на „Одлучен удар 21“ е во рацете на сите учесници на вежбата и дека само со заедничка работа ќе се успее да се зголеми искуството и знаењето.

На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни теренски подготовки во разни ситуации за успешно извршување на поставените задачи, кои се изведуваат на вежбата, а инженерците со сојузничките војски изградија целосен пристап до полигоните како и изградба на складиште на полигонот и подвижни цели за оклопни возила.

Во рамки на вежбата ќе биде реализирана и цивилно воената соработка преку која ќе биде донирана противпожарна опрема на противпожарното друшво во општина Конче, а локалното училиште во село Брждани во Кичево ќе добие донација контејнер.

Се со цел заштита на животната средина, стручни лица од Универзитетот „Гоце Делчев” Штип ги следат параметрите за квалитет на воздух на полигонот, а резултатите се достапни за јавноста.

Борис Куноски

фото: Дарко Попов

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ