За Велика Британија би можело да „има место“ во поширок европски клуб на демократски земји што се протега надвор од ЕУ, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон.
– Велика Британија одлучи да ја напушти нашата Европска Унија, но може да има место во оваа политичка заедница, изјави тој во Берлин каде имаше средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за поширок европски клуб на земји надвор од ЕУ, кој би можел да ги вклучи Украина или Велика Британија.
– Сакам експлицитно да кажам дека ова е многу интересен предлог, изјави Шолц, додавајќи дека е „многу задоволен од предлогот за кој разговараме заедно“.