• Latest

Манчевски: Реформата на јавната администрација единствено може да се спроведе и даде резултати доколку се темели на сеопфатни и темелни анализи

October 8, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Реформата на јавната администрација единствено може да се спроведе и даде резултати доколку се темели на сеопфатни и темелни анализи

October 8, 2019 16:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на прес-конференција изјави дека на денешната Владина седница, ги задолжиле органите на државната управа и им укажале на институциите кои не се органи на државна управа да спроведат функционални анализи внатре во своите институции.

„Функционалната анализа ќе се изработува врз основа на Методологијата за спроведување на функционална анализа во рок од еден месец. Функционалната анализа е алатка која овозможува да се идентификуваат главните проблеми поврзани со постојната организациска структура. Преку оваа мерка ќе се овозможи креирање конкретни мерки за подобрување на ефикасноста и на квалитетот во работењето. Спроведувањето на функционална анализа во институциите е дел од еден покомплексен процес на реорганизација на јавната администрација. Резултатите од вертикалните функционални анализи ќе бидат основа и при дефинирање на деталите околку трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор“, изјави Манчевски.

Министерот додаде дека целта на процесот на спроведување на функционална анализа е да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на надлежностите и задачите на институцијата и дека како резултат од функционалната анализа ќе се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати.

Манчевски изјави дека по спроведувањето на функционалната анализа ќе се добие реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните реформи за подобро вршење на нејзините основни функции.

„Спроведениот процес треба да биде преточен во документ кој ќе даде осврт на ефикасноста на извршувањето на работните задачи како и за дистрибуцијата на расположливите ресурси (кадровски, просторни, ИТ, технички и др.), од кои најзначаен секако е човечкиот капитал. Наодите и препораките ќе претставуваат основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати“, додаде Манчевски.

Обучени се претставници на 15 институции за примена на методологијата, кои ќе можат да бидат поддршка на останатите институции при спроведувањето на функционалната анализа.

„На овој процес, претходеше и функционална анализа спроведена на инспекциските служби, што беше и основа на изработка на нов Закон за инспекциски надзор. Анализата покажа, дека е потребно е да има вкупно 12 инспекциски служби (11 државни инспекторати и една агенција), наместо досегашните 28 инспекциски служби. Околу оваа анализа и понатаму ќе дебатира и јавноста ќе биде запознаета во детали. Реформата на јавната администрација е хоризонтален процес, којшто единствено може да се спроведе и да ги даде очекуваните резултати, само доколку се темели на сеопфатни и темелни анализи. Избразни решенија, кои можеби на краток рок ќе изгледа дека ја подобруваат состојбата, на долг рок ќе создадат дополнителни проблеми. На оваа тема мора да постигнеме национален консензус. Сите. Нема никаква поента да се влезе во ваков процес, доколку сите искрено не влеземе во него и сме искрени во намерите да го решиме овој тридецениски проблем“, изјави Манчевски.

А. П. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ