• Latest

Манчевски: Маваа по нас со тупаници, столчиња, сталаци и компјутери

April 10, 2018
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Маваа по нас со тупаници, столчиња, сталаци и компјутери

April 10, 2018 14:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По претседателот на Собранието Талат Џафери, за настаните во законодавниот дом на 27 април лани, попладнево во Кривичниот суд сведочи министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на прашањето на обвинителот Дарко Јакимовски, Манчевски рече дека настаните почнале по завршувањето на прес-конференцијата за изборот на Џафери за претседател на Собранието.

Посочи дека слушнал кршење на стакло по ходниците и доаѓање на луѓе од кои некои со фантомки. Рече дека му бил удрен бокс и дека му бил скршен носот.

– Маваа по нас, некои со раце, некои со сталаци за камери, со столици, со компјутери. Тоа траеше два и пол часа. Села беше на крајната лева страна од групата пратеници кои бевме во ќошот од прес-центарот, кажа Манчевски.

Слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за лица по име, а дел генерално за сите. Се слушало „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“.

Џафери суд

Претходно, Талат Џафери кој беше прв сведок за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот, во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април.

Тој ги препозна Стојан Павлевски, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошаковски. Џафери посочи дека тие меѓу првите влегле во прес-центарот на Собранието на Република Македонија и ги нападнале пратениците.

Џафери рече дека лицата кои насилно влегле во Собранието и собранискиот прес-центар се заканувале дека ќе ги убијат сите и оти никој нема излезе.

На денешното рочиште за нападот врз Села треба да сведочи и пратеникот Александар Кирацовски.


извор: МИА

Tags: 27 априлМанчевскисведоштво
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ