• Latest

Манчевски: Целта е професионална и деполитизирана администрација

May 4, 2018

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Целта е професионална и деполитизирана администрација

May 4, 2018 12:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваа на денешното отворање на меѓународната конференција што на тема „Управување со јавниот сектор – предизвици и перспективи“ ја организираа Факултетот за современи општествени науки во соработка со Институтот „Макс ван дер Штул“ во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа  во Тетово.

Според министерот Манчевски, реорганизацијата на јавната администрацијата е процес што ќе трае постојано за да се остане во тек со технолошките иновации во животот и работата.

– Целта на оваа реорганизација е да се обезбедат подобри, побрзи, поефикасни и поевтини услуги за граѓаните. Затоа е и направена новата стратегија за реформа на јавната администрација во која се адресирани голем дел од проблемите за кои зборуваат граѓаните. Таа првпат досега е со конкретен акциски план, индикатори преку кои ќе може да се следи колку е исполнета и обезбеден буџет и од домашни извори, но и со странска помош. Во Македонија ние и досега сме имале многу стратегии за реформа на администрацијата, но останале буква на хартија без конкретен акциски план, индикатори и необезбедено финасирање. Сега секоја институција знае што треба на направи, рече Манчевски.

Тој посочи дека според расположивите податоци во државава има околу 1300 институции каде има вкупно околу 140 илјади вработени, во кои се вклучени и оние од акционерските друштва во државна сосптвеност како и тие со договори на дело.

– Сето ова покажува дека станува збор за комплексен систем  што треба фокусирано и комплексно да се управува. Главна цел е јавната администрација да стане професионална и деполитизирана и согласно стратегијата што е за период 2018-2022 година ние сме на почетокот, но дел од главните мерки особено во процесот на дигитализацијата граѓаните ќе ги видат веќе оваа година како електронскиот регистар на население, новиот национален портал за електронски услуги, електронскиот идентитет којшто ќе го добијат граѓаните, изјави Манчевски.

Според него, по утврдување на потребите и вишоците во сегашната поставеност на јавната администрација, во тек е вертикална и хоризонтална функционална анализа што треба да ги даде точните податоци со какви способности и за каков кадар станува збор. Потоа ќе се знае точно каде има недостаток, а каде вишок вработени, по што веќе почнувајќи од 2019 та година ќе се разговара и со претставници од бизнис секторот за потоа дел од овие лица своеволно под определени услови да се префрлат во приватниот сектор.

Во однос на вработувањето на администартивците кои досега не одеа на работа, а беа примени преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Манчевски рече дека согласно податоците од Секретаријатот при крај е процедурата за потпишување на договори за работа со првите 958 вакви лица и многу скоро ќе се започне и со втората фаза за останатите 600 лица од вкупната бројка на 1600 вакви вработени.

Претседателот на Собранието Талат џафери посочи дека постигнувањето на стратешките приоритети за полноправно членство во ЕУ и НАТО подразбира реформи во општеството што ја опфаќа и јавната администрација.

– Овие реформи и промени во начинот на пристап, методологијата на работа и организацијата на јавната администрација не ги правиме само за да станеме дел од ЕУ и НАТО туку ги правиме да постигнеме нешто друго, многу позначајно, за благосостојбата на нашите граѓани и за создавање на достоинствени услови за ѓивот и работа. И тука главната улога ја игра јавната администрација што треба да биде максимално ефикасна и вистинско огледало на заедничките напори рече Џафери.

Свое обраќање пред присутните имаа и ректорот на УЈИЕ Замир Дика како и амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Јазбец. (МИА)

Tags: администрацијајавен секторконференцијаМанчевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ