Изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ по средбата со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова:
На првиот ден од посетата на Брисел имав шанса да се сретнам со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова на која што имав шанса да ги претставам напорите на нашата Влада поврзани со реформи во правосудството, зајакнувањето на одговорноста, дигитализацијата, борбата против криминалот и корупцијата и за сите напори што ги прави Владата за справување со Ковид кризата… Оваа посета е важна затоа што еврокомесарката Јурова е надлежна за владеење на правото и за оној европски механизам за владеење на право од кој можеме многу да научиме и да придонесеме во градењето на владеењето на правото како еден битен европски принцип