-Така што, од наша страна нема никаква импровизација. Спроведувањето на законите е предизвик подолги години. Ние како Влада се обидуваме да ги спроведеме максимално неселективно. Секако дека има простор за подобрување. Секако дека има делови од законски рамки кои се спроведуваат селективно, но наша задача е секоја година да сме подобри и да ги исправаме овие грешки, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, коментирајќи ја изјавата на претседателот Пендаровски дека „има селективна имплементација на законите и дека не е веќе време за импровизација“.
Во одговор на новинарско прашање по панелот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”, Маричиќ напомена дека кога би било се неселткивно и се без исклучок правилно, земјава веќе би била во ЕУ.
-Затоа е овој процес важен – процесот на преговори и на влез во ЕУ, за да ги исправиме сите слабости кои ги имаме како систем и како држава и да бидеме членка на ЕУ со сите нишани, подвлече вицепремиерот.
За Извешатјот од Европската комисија, Маричиќ повтори дека Владата го гледа како патоказ што државава треба да го следи за да ги поправи сите слабости.
-Ги признаваме сите достигнувања и на нив сме горди, но ги признаваме и сите слабости. Овој Извештај го гледаме како патоказ, како водич за тоа што треба да правиме без никаков комплекс и задршки, за сите слабости да ги исправиме и наредниот да биде подобар, особено во клучните области, рече вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ вели дека не верува за какво било суштинско загрозување на чие било право за слободно здружување доколку во Собранието бидат прифатени измените на Законот за здруженија и фондации што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.
Според Маричиќ, и здруженијата имаат јавна фунцкија и јавна углога. Стандард е секаде во Европа нивните називи и дејствувања да не бидат спротивни на вредностите на општеството.
-За нас е важно тој баланс да биде добро воспоставен, меѓу правото на слобода на здружување и јавната безбедност или јавниот ред и мир и тоа ќе биде работата и на институциите – и на Центреалниот регистар и на судовите, за секој поединечен случај да се изјаснат, бидејќи законите важат за сите, но секој случај се разгледува поединечно и во секој случај аргументите за еветнуално укажување на називите треба да се разгледаат поединечно, изјави Маричиќ по панелот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”.
Одговорајќи на новинарско прашање, тој напомена дека ако пратеничката група на СДСМ се изјаснила дека ќе ги поддржи измените, тоа само значи дека ги уважува свеста и чувството кај граѓаните дека е потребно Законот во рамки на слободата на здружување да има определни рамки, меѓународно признаени и утврдени, кои ги има и во другите држави, за ограничување на слободата на здружување.
-Тоа подразбира контрола или ревизија на називите на некои зруженија кои би можеле да влијаат на јавната безбедност, јавниот ред и мир и на вредностие кои ги почитува нашето општеството – и антифашизмот и демократијата и слбоодата, подвлече Маричиќ.
Според него, Законот е донесен пред повеќе од една деценија и измените што ги предлага ВМРо-ДПМНЕ не се единствените што треба да се направат. Поради тоа, Министерството за правда ќе продолжи со својата работа во овој сегмент.
-Мислам дека не се врзани двата процеса, немам таков впечаток. Мислам дека ќе продолжи работата на Министерството за правда зашто тоа не единствената измена што треба да се направи во Законот за здруженија и фондации. Тој Закон е донесен пред повеќе од десетина години и сигурно има работи кои треба да се допрецизираат, да се исправат, рече Маричиќ.












