• Latest

Маричиќ за „Блиц“: Францускиот предлог ги задоволува сите наши забелешки

July 15, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Маричиќ за „Блиц“: Францускиот предлог ги задоволува сите наши забелешки

July 15, 2022 13:20
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изменетиот, пречистен, дополнет француски предлог, го добивме она за што се бориме со години – чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички или објаснувања, што за нас беше најважно во зачувувањето на нашите национални интереси, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во ексклузивно интервју за белградски „Блиц“, пренесува МИА.

– Успеавме да го заштитиме македонскиот јазик, како што ветивме. Граѓаните немаат за што да се грижат, македонскиот јазик со овој предлог станува еден од идните официјални јазици на Европската Унија. Заштитувајќи го македонскиот јазик, најдиректно ја обезбедуваме заштитата на идентитетот на македонскиот народ, наведува Маричиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, одговарајќи на прашање на „Блиц“ за ставот на опозицијата „за постоење на две сценарија за вечни преговори со ЕУ или асимилација под диктат на Бугарија“, Маричиќ порачува дека францускиот предлог за надминување на спорот Скопје-Софија има две сценарија – почеток на преговорите со ЕУ и реална можност полесно и побрзо да се излезе од лавиринтот за да се решат отворените прашања со Бугарија.

– Добивме предлог кој ги исполнува сите наши приговори и затоа мислам дека вреди сериозно да се разгледа. Со францускиот предлог и личното вклучување на претседателот (Емануел) Макрон во целиот овој процес, беше потврдено дека Брисел има волја и желба Северна Македонија и Албанија да започнат преговори, нагласува Маричиќ, наведувајќи дека другото сценарио би било да се одбие тој предлог и да се чека некој друг, нов, што би дало нова шанса за нови барања од Бугарија и да го усложни целиот процес, особено сега, кога Бугарија е пред избори и кога македонското прашање повторно ќе се актуелизира.

– Сите лажни вести, дезинформации од опозицијата, кои паѓаат во вода, само предизвикуваат страв, несигурност и емоции кај граѓаните, што е и природно, бидејќи станува збор за национални прашања, оценува Маричиќ.

На прашањето што доби Северна Македонија со францускиот предлог, Маричиќ одговора дека со изменетиот, прецизиран и дополнет предлог го добила „она за што се бори со години“, а тоа е чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички или објаснувања.

– Тоа ни беше најважно во зачувувањето на нашите национални интереси. Успеавме да го заштитиме македонскиот јазик, како што ветивме, граѓаните немаат за што да се грижат, македонскиот јазик станува еден од идните официјални јазици на ЕУ. Со овој предлог, со заштитата на македонскиот јазик најдиректно обезбедуваме заштита на идентитетот на македонскиот народ, посочува Маричиќ.

Тој додава дека францускиот предлог се однесува и на Преспанскиот договор, што значи дека преговорите ќе ги започнеме како Македонци кои говорат македонски јазик, а со исфрлањето на билатералните односи од преговарачката рамка имаме целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет и Северна Македонија има предлог кој не им штети на нејзиниот народ и на државните интереси.

На прашањето која е опасноста од донесувањето на ваков договор за зголемување на меѓуетничката нетрпеливост во земјата и можноста за предизвикување меѓуетнички конфликти, Маричиќ вели дека единствената опасност од дестабилизација ја гледа во отфрлањето на европскиот дискурс за земјата и запирање на процесот на евроинтеграцијата.

– Во тој случај се отвора можноста за анти-ЕУ и анти-НАТО пропаганда. Како одговорна Влада, нема да дозволиме опозицијата да манипулира со народот и државата, каде што огромното мнозинство е за Европа и НАТО. Владата како целина и сите членови на Собранието зазедоа многу одговорен став кога едногласно ја усвоија резолуцијата за нашите црвени линии, која беше поддржана од сите политички партии и национални заедници кои се дел од Собранието, рече Маричиќ.

Тој, исто така, вели дека факт е оти европскиот пат на Северна Македонија е трнлив и полн со предизвици, а на прашањето дали мисли дека усвојувањето на францускиот предлог ќе биде последниот услов на Брисел на патот кон ЕУ, додава дека мора да се донесат храбри лидерски одлуки.

– Покажавме политичка волја и посветено работевме на европските реформи, особено во последните пет години. Требаше одамна да ги започнеме преговорите, но прашањето за името со Грција, а подоцна и отворените прашања со Бугарија, го одложија напредокот на земјата кон ЕУ, а во меѓувреме ЕУ имаше „епски“ неуспешен обид за проширување од кој денес гледаме геополитички последици, рече Маричиќ.

Сепак, тој изјави дека долгото чекање за почеток на преговорите и „пасивната политика на проширување на Унијата“ веќе резултирале со разочарување на граѓаните на земјава и губење на довербата во ЕУ.

– Според последните анкети, граѓаните се уште се за членство во ЕУ, а во проценти некаде повеќе од 70 отсто, но она што е поразително е дека помалку од 10 отсто денес Унијата ја сметаат за наш кредибилен партнер, додава вицепремиер Маричиќ во интервјуто за „Блиц“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ