• Latest

Марија Пупулиева – активистка: Новата влада да ги исполни ветувањата за ветинг во судството и справување со корупцијата

August 10, 2020

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Марија Пупулиева – активистка: Новата влада да ги исполни ветувањата за ветинг во судството и справување со корупцијата

August 10, 2020 14:53
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто ќе ги објавуваме во наредниот период на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Граѓанската активистка Марија Пупулиева пишува:

Во изминатиот мандат од 3 и  пол години, претходната Влада од сето она што го вети во предизборната кампања, оствари многу малку. Едно од главните ветувања беше дека ќе спроведе реформи во областа на правосудството, и дека сите оние кои се огрешиле пред законот ќе бидат соодветно казнети. Спроведувањето на реформи во правосудството беше еден од главните услови за добивање препорака за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Беше ветено дека ќе следи реизбор на судии и обвинители, меѓутоа ова воопшто не се случи, а ништо и од најавениот ветинг.

Согласно предизборната кампања, водена од сите политички партии учесници на предвремените парламентарни избори, клучни се реформите во правосудството и ефикасното справување со растечката корупција во земјата.

Поради тоа, од идната Влада очекувам конечно исполнување на ветеното, т.е ‘’владеење на правото’’ во вистинска смисла на зборот, што би се рекло неселективна правда за секого.

Ова подразбира дека очекувам правосудните органи конечно да дојдат вистински професионалци, а не партиски послушници. Исто така очекувам исполнување на ветувањето дека конечно ќе се спроведе ветинг во правосудството, и ќе се спроведе испитување на потеклото на имотот на судиите и обвинителите, како и на функционери во Министерството за правда, Советот на Јавни обвинители и Советот на судии. Доколку се утврди дека некој од истите се стекнал со имот на незаконит начин, истиот да биде изведен пред лицето на правдата, соодветно казнет, а нелегално стекнатиот имот му биде конфискуван.

Имајќи ја предвид праксата на соседните држави од соседните ЈУ простори, за избор на судии и јавни обвинители, со формирањето на Академијата за судии и јавни обвинители евидентно е дека истата не ги дава очекуваните резултати и продуцира неквалитетни кадри, па од тие причини сметам дека е потребно нејзино укинување. Сметам дека изборот на судии и јавни обвинители треба да се врши од редовите на истакнати стручни лица од областа на правото, кои би поседувале морален интегритет, би биле на возраст од најмалку 42 години, и зад себе би имале успешна кариера од најмалку 10 години.

Ова понатаму значи дека конечно треба да се раскрсти и со спрегите помеѓу носителите на судски и обвинителски функции и Адвокатурата, односно да се спречи влијание врз донесување на одлуки.

 


претходни објави на оваа тема:

Кажете го своето мислење: Кои се вашите барања од новата влада?

(ВИДЕО) Арбен Зеќири, новинар: Приоритети на Владата да бидат правдата, образованието, младите…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ