• Latest

Маројевиќ: Потпишани 3.800 договори со ЕСМ снабдување, договорот поставен на интернет страницата на управата

October 22, 2022

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маројевиќ: Потпишани 3.800 договори со ЕСМ снабдување, договорот поставен на интернет страницата на управата

October 22, 2022 15:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со вчерашниот ден, потпишани се вкупно 3.800 договори со ЕСМ снабдување ДООЕЛ Скопје, информираше денеска на прес-конференција помошник-директорот за топлинска енергија во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.

Инаку, како што потсети Маројевиќ, во изминатата недела потрошувачите на АД ЕСМ пристапуваа кон трите пунктови во населбата Тафталиџе, во олимпискот базен во Центар и во пунктот кој се наоѓа во „Капитол мол“ во Аеродром, и на шалтерите добиваа два примерока од договорот, ги пополнуваа своите податоци и ги потпишуваа договорите, носејќи притоа документ за идентификација и копија или фактура од претходниот снабдувач.

Како што информираше Маројевиќ, договорот од денеска е поставен на интернет страницата на АД ЕСМ.

Потрошувачите можат документот да го испечатат во два примерока, и со документ за лична идентификација и претходна сметка да пристапи до пунктовите каде што ќе го потпише, а еден примерок ќе остане во снабдувањето.

-Напоменувам дека во оваа постапка ако некој реши да ја искористи оваа можност, нема потреба да вади дополнителни документи од кои би земал одредени податоци за внесување во договорот, додаде Маројевиќ.

Во договорот, како што потенцираше, потребно е да се наведе имотниот лист на објектот или дел од објектот за кој се склучува договорот. Како што рече, ако потрошувачот нема имотен лист, нивниот службеник на шалтерот ќе пристапи до катастерот и во негово присуство ќе го запише бројот на имотен лист на недвижноста, на која се потпишува договорот за испорака на топлинска енергија.

Маројевиќ информираше дека оние потрошувачи кои во моментов се наоѓаат во странство и не можат лично да пристапат до пунктовите и да ги потпишат договорите, можат со полномошно да овластат друго лице, кое во нивно име ќе го потпише договорот.

-За наредниот период подготвуваме и други начини, во смисла да двата приемрока од договорот потрошувачите го добијат по пошта, особено за оние кои немаат можност да го испечатат, а за оние кои нема да можат да ги искористат овие понудени можности заради различни здравствени причини, да ги посетиме во нивните домови. И други опции се во план, но како ги реализираме така ќе ги известиме нашите потрошувачи, додаде Маројевиќ.

На интернет странциата на АД ЕСМ, потрошувачите можат да добијат и информација кои од објектите и од кои причини не добиваат испорака на топлинска енергија.

Во врска со поплаките за неиспорака на топлинска енергија кои ги добиваат во период на дневни прекини, Маројевиќ потенцираше дека испораката на топлинска енергија се одвива по строго утврдени правила т.н „мрежни правила“ одобрени од Регулаторната комисија кои се јавни, транспарентни и можат да се преземат.

-Овој период, до 15 ноември, кога надворешните температури, а сообено атмосферските услови, ветер, облаци, сонце или дожд многу се менуваат во текот на денот, дневен прекин се прави во период кога надворешната температура при сончево и ведро време ќе достигне 11 степени. Тогаш започнува прекинот на производство на топлинска енергија. Потрошувачите се уште добиваат топлинска енергија, онаа која веќе од топланите е испорачана во мрежа, која им ја овомзожуваме со уште најамлку 1 час циркулација на пумпите. Ако времето е врнежливо или има облаци, таа граница е 14 степени, рече Маројевиќ.

Таа потсети дека денеска имало околу 14 степени и заради тоа топланите ја прекинаа својата испорака во 11.45 часот.

-Вчера, во 18 часот надворешната температура беше 15 степени и топланите, за првпат оваа грејна сезона испорачуваа топлинска енергија по направен дневен прекин. По овој модел, ќе се испорачува топлинска енергија и во наредниот период. За денес, според нашите анализи, ние сме на граница, но најверојатно условите ќе бидат исполнети соглансо прогнози и поладневен старт ќе има и денес, додаде Маројевиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ