Меѓународниот ден на толеранцијата оваа година се одбележа со марш посветен на лицата со попреченост. Маршот започна во 15 часот пред Музеј на Град Скопје, продолжи по улица Македонија до паркот ,,Жена борец”, спроти Собранието.
Целта на маршот беше да се покрене свесноста за потребата за активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот, јавниот и политички живот. Попатно, присутните граѓанки и граѓани лепеа ознаки на сите места каде што лицата со попреченост немаа пристп да поминат.
Со свое присуство, Маршот на толеранцијата го поддржа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата беше во организација на Хелсиншки комитет за човекови права заедно со Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести Кокичиња, Здружение на лица со даунов синдром Трисомнија 21 , Здружение на граѓани за ретки болести Живот со предизвици, Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби, Глас против насилство – Национална мрежа против насилство, Национален совет за родова рамноправност – СОЖМ, ПРОФИЦИО, Различни, посебни, а еднакви Менуваме, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, РЦПЛИП Порака, Институт за дефектологија – Филозофски факултет „Св. Кирил и Методиј” Скопје, Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост во Р.М, Отворете ги прозорците, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, Здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби Сплотени срца, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Мрежа за заштита од дискриминација, ЛГБТИ Центар за поддршка, Сигурна куќа – Шелтер центар, ЗЈПЈС Перспектива Астерикс, Фондација “Проф. д-р Љупчо Ајдински” и Сојуз на дефектолози на Република Македонија.
В.М.