• Latest

Меџити: При крај сме со Законот за правична застапеност, нема да нагаѓаме денови

February 20, 2025

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити: При крај сме со Законот за правична застапеност, нема да нагаѓаме денови

February 20, 2025 14:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.

-Во фокус ни е владината програма каде што има утврдени столбови, нема преговори во однос на химната, грбот, но нема ни табу теми, значи разговараме. Политички договор има за Владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, живиотниот стандард, ЕУ-интеграцијата, враќање на правната држава, децентрализацијата, се секојдневно во нашиот фокус и целосно сме посветени на овие столбови. За другото нема преговарање, нема политички договор, но како Влада се што е во интерес на граѓаните и државата, разговараме, дебатираме, про и контра, тоа е на ниво на разговори, нема табу теми… Не сакам да навлегувам во нешто за што нема преговори, нема политички договор. Не криеме ништо, вели Меџити.

На прашањето дали има проблеми во коалицијата по однос на прашањето околу грбот и химната поради различни ставови на партнерите во власта, тој рече дека има една Влада, но не се едно и оти Владата има демократски и политичлки капацитет да изнајде решенија на маса на база на аргументи.

Во однос на тоа дали со владиниот партнер разговараат за тоа кој ќе биде нов државен обвинител, вицепремиерот Меџити рече дека во принцип не зборуваат за име туку дека тоа треба да биде професионалец кој треба да ја врати довербата на граѓаните во правосудството.

Тој потврди и дека доколку Министерството за правда го изготви предлогот за разрешување на актуелниот државен обвинител на кој забрзано се работи, тој ќе се најде на следната владина седница.

Во однос на тоа дали имаат коалициски договор за поддршка за претстојните локални избори со партнерите во Владата, Меџити одговори дека отсекогаш владините партнери се поддржувале.

-Од плурализмот па наваму, секогаш владините партнери се поддржувале по потреби. Истото ќе го има и на овие избори, рече Меџити.

Во однос на тоа до каде е изработката на законот за правична застапеност и кога може да се очекува во Собрание одговори дека се ри крај, но не прецизираше датуми.

-При крај сме, нема да нагаѓаме денови. Се очекува последниот состанок, да се форматира Предлог законот и ќе бидете известени, вели Меџити, на новинарско прашање пред обраќањето на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“.

Извор и видео: МИА

Фото: Принтскрин

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ