Државната изборна комисија согласно Изборниот законик, член 85-а, и Роковникот за Претседателските избори 2019 година, ги повика радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) најдоцна до утре, 18 мај, сабота, да ја исполнат својата должност и да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа.
Извештајот се поднесува до Министерството за финансии, ДИК, Државен завод за ревизија, и до Државната комисија за спречување на корупција, кои се должни да ги објават на своите интернет страници. Извештајот се поднесува на образец пропишан од министерот за финансии.
Архивата на ДИК ќе работи до 16 часот, велат оттаму, а извештаите по 16 часот можат да се испраќаат препорачано по пошта.