• Latest

Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме

February 21, 2024
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме

February 21, 2024 14:40
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јазиците се важни, тие не се само средство за комуникација, туку и интегрална компонента на индентитетот на секој поединец и нација, начин на зближување на различностите, толеранција и меѓусебно прифаќање. Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието, заштитен, недопирлив, единствен.

Ова го истакна министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прославата на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Таа подвлече дека со Институтот се добри партнери при тоа потенцирајќи го значењето на Законот за употреба на македонскиот јазик.

-Со Институтот сме навистина многу добри партнери во многубројни проекти не само во однос на дигитализацијата на картотеките, туку и во еден од подолгите процеси и позначајните, а тоа е донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик којшто без максималната вклученост на членовите на Советот за македонски јазик, како и на сите вработени тука во овој Институтот немаше да стане реалност. Што значи дека се движиме во правилна насока во однос на заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и промоција на сите јазици коишто се зборуваат на територијата на нашата држава, нагласи во изјавата за медиуми Костадиновска – Стојчевска честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Таа нагласи дека заедно со директорката на Институтот и со сите членови работат заедно на унапредување на правата не само на говорителите на македонскиот јазик, туку и на сите други јазици кои се говорат, но и на изданија кои се финансираат преку Министерство за култура токму од оваа област.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, истакна дека Институтот како најголем промотор и овластен за заштита на македонскиот јазик, годинава со гордост одбележува 150 години од раѓањето на патронот Крсте Петков Мисирков (18.11.1874г.) и прв неформален кодификатор на македонскиот јазик, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ(2.08.1944) на кое е конституирана македонската држава, а македонскиот е заведен како службен јазик во неа.

-Македонците по многу вековна борба, се изборија за признавање на мајчиниот македонски јазик. Затоа ние ја почитуваме желбата на нашите сограѓани, но и на сите луѓе во светот да зборуваат на својот мајчин јазик, рече Јованова Грујовска.

Прашана дали можеме да кажеме дека на завидно ниво го владееме мајчиниот јазик имајќи ја предвид преводната култура, квалитетот на преводите кај нас, таа ќе посочи дека токму на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик точно секој од нас треба да се запраша кое ни е нивото на познавање на мајчиниот јазик.

-Институтот за македонски јазик се грижи и единствен овластен субјект за заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и го проучува на сите рамништа, го штити и го промовира. Секогаш има потреба за уште нешто. Независно од тоа што имаме исклучително добра продукција на книги, на изданија секоја година, кај нас станува збор пред се за научни изданија, секогаш можеме да кажеме дека може уште и дека и следнава година конкретно сега 2024 година ќе објавиме барем 10-ина научни трудови што се поврзани со македонскиот јазик, нагласи Јованова-Грујовска.

Таа подвлече дека за да си го знаеме и за да си го почитуваме мајчиниот јазик треба да ги знаеме и луѓето околу нас што живеат.

-Затоа, Институтот за македонски јазик последниве години на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ги отвора своите врати за сите зборувачи на различни јазици што живеат кај нас и на тој начин покажуваме почит, но покажуваме и желба за запознавање на различностите затоа што ние меѓу себе ќе се почитуваме и ќе се сакаме само доколку ги почитуваме различностите и ги прифатиме различностите. На овој начин всушност гледаме како другите си го почитуваат својот јазик и тука доаѓаме до преводливоста. Зошто? Затоа што многу автори коишто творат на турски јазик не само кај нас туку и во Турција се преведуваат овде на македонски јазик. Е, тука се гледа нашето ниво на познавање на јазикот, на познавање на културата, конкретно сега по примерот на турскиот. Меѓутоа, значи, на оној јазик што го преведуваме на македонскиот или од македонски на друг јазик за да прошета по светот нашата литература и нашиот културен код, да биде достапен за луѓето во светот, вели директорката на Институтот заблагодарувајќи се при тоа и на Министерството за култура за сета поддршка што им ја дава во издавачката дејност, но и на МОН кое овозможува и други услови што им се потребни.

Проф. д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во своето обраќање истакна дека токму на овој ден треба да се посочи на потребата за грижата за мајчиниот јазик и упати порака до учениците од основни и средни училишта кои зборуваат на сите јазици во земјава, но и пошироко, а кои присуствуваа на манифестацијата, да ги чуваат почитуваат и негуваат своите мајчини јазици бидејќи тие не учат, образуваат, не обликуваат, но упати и на потребата од владеење на македонскиот јазик.

-На овој ден освен што ќе ве потсетам на должноста на грижата за својот мајчин јазик, сакам и да ви порачам, сакајте го и македонскиот јазик, без разлика кој е вашиот мајчин јазик, зашто македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме, тој е мост за јазично и културно и духовно собитисување, потенцира проф. Арсов.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува од 2000-та година и е востановен од УНЕСКО. Според ООН, во светот постојат околу 7000 јазици. Поради процесот на глобализација на многу јазици им се заканува целосно исчезнување. Според атласот на загрозени јазици на УНЕСКО, само меѓу 1950-та и 2010 година исчезнале 230 јазици, а за загрозени се сметаат најмалку 45 проценти од посочените 7000 јазици што се зборуваат во светот, беше истакнато. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ