• Latest

Меѓународен ден на проверка на факти – проверката на факти може да спаси живот

April 2, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународен ден на проверка на факти – проверката на факти може да спаси живот

April 2, 2021 14:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) во соработка со сродните организации и членки од целиот свет денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за проверка на фактите.

Фондацијата „Метаморфозис“ го одбележа овој ден со онлајн панел дискусија  посветена на проверката на факти како средство за унапредување на медиумската писменост, во рамки на своите активности во проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”, кои го вклучуваат порталот „Вистиномер“, Сервисот за проверка на факти, Критинк – со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност, како и преку своите два портала Мета.мк и Порталб.мк.

На панелот дебатираа Филип Стојановски, раководител на проектот КриТинк, Владимир Петревски, уредник за проверка на факти на македонски јазик и главен уредник на Вистиномер и Елида Зулбеари,  уредничка за проверка на факти на албански јазик и главна уредничка на Порталб.мк. Панелот со свое обраќање го отвори Бардил Јашари, извршен директор на фондацијата „Метамофозис“.

„При креирање на методологиите за проверка на факти, знаевме дека ќе ни треба еден сет на правила со цел проверката на факти да има научно основа. Првата методологија се однесуваше на сервисот за проверка на факти. Проверката на фактот е дел од новинарскиот процес. Разликата е што проверувачите на факти за разлика од новинарите фактите ги проверуваат отпосле откако ќе бидат објавени новинарските содржини или пак оние што се објавени на социјалните мрежи. Во нашата методологија одлучивме да не рецензираме извесни новинарски жанрови каде авторите искажуваат свој став, колумни, интервјуа… Ако ги погледнете нашите текстови од 2012 до 2017 ќе видите дека нема ниту една таква рецензија. Но, на пример, Фејсбук, дозволува рецензирање на ставови ако се засновани на дезинформации“, објасни Петрески фокусирајќи се на методологиите на проверка на факти.

Годинешното мото на Меѓународниот ден на проверка на факти е „проверката на факти може да спаси животи и ги поддржувам проверувачите на факти“ како одговор на напливот дезинформации поврзан со пандемијата Ковид-19. На оваа тема зборуваше уредничката на Порталб.мк, Елида Зулбеари.

„Кога се работи за здравјето на луѓето, се шират доста дезинфорамции. Пред пандемијата со Ковид-19, такви информации имаше за разно разни лекови кои лечат рак или други болести, а не може никаде да се провери колку тие се ефикасни или не… Исто така, албанските медиуми во Македонија имаат влијание  од медиумите во Албанија и Косово, но истото се случува и со ма кедонските кои имаат влијание од српските и бугарските медиуми. Ќе спомнам и некои чести манипулации што сме ги виделе низ годините. Често се пишуваат новинарски текстови во кои се вклучуваат и коментари, а не би требало. Нашите рецензии покажуваат каде не треба да се коментира, кој код од Кодексот е прекршен, низ методологијата која ја практикуваме. Често пати има прашања во вид на текст каде новинарот не дава информации туку само го повторува тоа што го дознал со прашалник и го прикажува како новинарски продукт, а не е“, истакна Зулбеари.

„Она што го сметаме како новинарска проверка на факти е дел или професионален израз на нешто што кај секој човек се јавува, а тоа е потребата за вистина“, изјави Стојановски споделувајќи дел од искуствата во проектот  во насока на поврзаноста меѓу медиумската писменост и проверката на факти.

„Ние како организација на време ја препознавме важноста на борбата против дезинформациите и се обидуваме секогаш преку разни алатки, проекти и активности, да се бориме против штетните последици од дезинформациите и лажните вести“, изјави Јашари во своето обраќање.

Во 2019 година порталот за јавна отчетност и транспарентност „Вистиномер“, официјално стана дел од Меѓународната мрежа за проверка на факти. Со тоа „Вистиномер“ стана верифициран потписник на Кодексот на принципи на мрежата и член на ексклузивната група од само 66 верифицирани портали за проверка на факти на светско ниво.

ЦИВИЛ ги поддржува напорите на Меѓународната мрежа за проверка на факти, како и на Фондацијата „Метаморфозис“, секогаш на страна на вистината, во постојана борба против дезинфомрациите и лажните вести. ЦИВИЛ во континуитет ги мониторира и разобличува говорот на омраза, дезинформации и лажните вести во насока на јакнење на јавната свест и критичкото мислење, едукација и промоција на начелата за објективно, непристрасно, навремено и точно информирање на јавноста.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ