• Latest

Меѓународен ден за проверка на факти

April 2, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓународен ден за проверка на факти

April 2, 2019 15:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) во соработка со сродните организации и членки од целиот свет денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за проверка на фактите.

Фондацијата „Метаморфозис“ го одбележува овој ден со серија активности во рамки на своите проекти, кои го вклучуваат порталот „Вистиномер“, Сервисот за проверка на факти, Критинк – со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност, како и преку своите два портала Мета.мк и Порталб.мк.

Оваа година одбележувањето на овој ден е од особено значење за Фондацијата бидејќи порталот за јавна отчетност и транспарентност„Вистиномер“, од неодамна и официјално стана дел од Меѓународната мрежа за проверка на факти. Со тоа „Вистиномер“ стана верифициран потписник на Кодексот на принципи на мрежата и член на ексклузивната група од само 66 верифицирани портали за проверка на факти на светско ниво.

Според извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, денеска е поважно од кога било порано сите кои професионално работат на создавање содржини да ги проверат и потврдат фактите пред да ги објават бидејќи границата меѓу новинарските и другите содржини е замаглена.

„Проверката на фактите во денешното време е многу важна за секоја индустрија и за секоја професија, не само за новинарството. Метаморфозис во 2011 година започна со проверка на фактите во изјавите и ветувањата на политичарите, па потоа од 2013 година започнавме и со проверка на факти во медиумите за да продолжиме со едукација и примена на критичкото размислување како начин за спротивставување на ефектите од дезинформациите во медиумите“, вели Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“.

Денот на проверката на факти – 2 април, кој се одбележува веднаш после првоаприлскиот „ден на лагата“, претставува глобален повик на акција за повеќе факти во политиката, новинарството и секојдневниот живот.

Членките на IFCN сметаат дека проверката на фактите не треба да биде нешто што го прават само професионалните новинари и проверувачите на факти во редакциите. Постоењето вистински меѓународен екосистем кој креира и дистрибуира точни и проверени информации изискува сите да си го завршат својот дел од работата.

 Од 2018 година Фондацијата започна да го спроведува и проектот „Критинк – со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, чија главна цел е ширење на медиумската писменост во земјата преку редица едукативни и информативни содржини и алатки, кои се објавуваат и преку порталот на проектот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ