• Latest
Војо Маневски

Мерка – Мандат

December 6, 2022
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мерка – Мандат

December 6, 2022 10:38
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Зборовите стојат збрани на купче и сѐ додека некој не им даде душа тие немаат значење, дури кога ќе ги поставиш во реченица тие ја покажуваат својата суштина, а кога ќе излезат да го живеат својот живот меѓу луѓето, често знаат да добијат и друго значење. Вака зборуваше големиот поет Ацо Шопов, испејувајќи ги своите безвременски песни.

Последнава недела некако се зголеми употребата на зборот мандат. Не само што се зголеми неговата фреквенција, туку и доби некое друго значење кое е својствено на нашата употреба на зборовите и поимите. Во суштина тој на латински значи – „дадено од рака“. И после да нѐ ни кажуваат дека нѐ сме биле наследници на античката култура и јазици. Кај нас поимот мандат доби толку големо значење што ни стана мерка за многу работи кои имаме потреба да ги мериме. Каков вистински еталон си имаме и од рака и на рака, а богами и под рака.

Да почнеме од почеток со мерењето на времето. Сѐ ни е одредено со овој збор. Во времето на мандатот на овој премиер, во текот на мандатот на оној министер, директор или градоначалник. И не ни треба да се расправаме со календари и рокови, според мандатот си споменуваме каков ни бил животот. Сѐ треба да ставиме во рамките на нечиј мандат. Така ќе заштедиме во низа на датотеки што секојдневно ги употребуваме. Пример во мандатот на одреден мандатар правило беше да се гради без многу дозволи и процедури. Секој градеше како сака, а на крајот на тој мандат сѐ се легализираше. Чукнеш на одредено копче и оп – сите податоци ти се достапни. Сѐ по закон и правила на тој мандат. Друг мандатар и податоци за инвестиции и изградени автопати. Земеш друг мандат и треба да побараш колку сопственост има одредениот носител на мандатот. Пресметаш колку години му траел мандатот, па помножиш со просечните приходи од плата и разни други функционерски додатоци и ете ти слика за неговата имотна состојба. Ниту ДКСК ќе се мачи да бара да поднесуваат листи за имотната состојба, ниту ќе има кршење на таа процедура. Сѐ по закон, сѐ по правила.

Е сега, и тие даночниците и оние од комисијата да не ја тенчат работата околу потрошувачката што мандатарот ја имал, има да се пресметува само она што е приход по основ на приливи од плати, патарини и други законски придобивки. Она од што живеел е нормален дел од правата на мандатарот како и стекнатите права по основ на извршени услуги на тендерџии и други претставувани правни и физички лица. Не работи тој за себе туку за оние што го избрале и му дале мандат да работи во нивен интерес и во нивна корист. Па добро, ако е така тогаш и треба да биде награден што работи во општ интерес. Нема белки да биде на вода и сув леб за да си ја заштеди платата за времето после мандатот. Е, овде е проблемот и мојот предлог за мерење на времето со должината на нечиj мандат. Ако му го ограничиме мандатот на прекратки четири години го ставаме во опасност да треба да се врати од таму од каде и тргнал кога го добил мандатот. Не е во ред кога човек ќе исчекори од некоја локална или партиска канцeлaрија да му го загорчуваме животот со враќање во таква ограниченост. Овде има и економска логика, зaтоа што ако веќе сме вложиле средства во негова афирмација, измена на неговиот дотогашен живот и после да фрлиме сѐ во неповрат тоа секако не е рационално. Затоа треба да воведеме и нов поим што ќе биде потполнување на состојбата после мандатот. Нешто како продолжен мандат додека не се снајде личноста на која еднаш сме и ја дале довербата. Ќе признаете дека тоа е во духот на нашата солидарност и добродушност. Така ќе се избегнат и некои други појави кои сега не му даваат на нашиот избраник со мандат со сета сила да работи во наш интерес и на наша сметка. Сега мора да размислува за таа пост-состојба кога ќе му престане мандатот, па мора да решава низа на секојдневни проблеми. На пример, мора да се обезбеди станбено и тоа со стан чија големина го отсликува неговиот мандат и скалилото до каде стигнал со мандатарењето. Нормално е тоа, нели? Нашето завидување му пречи да работи зошто сакаме децата да му ги оставиме без диплома и сигурна државна работа со пет, шест просечни плати. Навистина тоа не само што не е во ред, туку е и греота кон неговото потесно или пошироко семејство.

Замислете срамотна состојба, после неговиот мандат семејството да му работи по некои ниско платени компании или не дај Боже да се без работа. Тоа мора да признаете навистина не личи, а до некаде е и обезличување на нашиот избор кога сме му дале мандат. Ова мора сериозно да го дебатираме во кафанските дебати без разлика дали се во рамките на институциите или на некој форуми. Никој не смее да руши туѓи тешко стекнати дигнитети низ општественото залагање за подобро свое утре. Јавноста треба да знае дека во таа борба има многу опасности и предизвици што не е лесно да се надминат. Пресови секој ден на спротивната политичка групација, новинарски неодмерени текстови за цената на обичен ручек во Собрание или некоја друга слична институција, па проверка на сметки за патарини, па притисок од меѓународен фактор и слични тешко издржливи состојби. Кој и дава право на јавноста која еднаш го избрала мандатарот да навлегува во неговата приватност. Ако ја/го води сопругата/сопругот на меѓународни патувања и активности, веднаш се бара оставка од него зошто пари трошел на приватни потреби. Е со кого да оди на такви важни меѓународни средби? Ако ја/го поведе секретарката/секретарот што низ партиски списоци му е доделена, веднаш малограѓанскиот менталитет ќе му прилепи љубовна афера и во опасност ќе бидат семејните вредности за кои во кампањата се залагал. И не дај боже тој сопатник да биде од ист пол, тогаш… А пак на народ не можеш да погодиш, велат мудрите.

Европа веќе триесет години нѐ учи дека треба да делуваме во екипа, во тим. Кој знае колку генерации поминаа во разни алумни обуки и мора да се види некој бенефит од тоа. Мандатарот си го избира тимот и мора да внимава на маркетиншките правила при тоа. Што сака овој народ да избере, некој што не е од неговата партија? Тоа е грев и кон другите што со него воделе беспоштедна опозициска борба со одење на митинзи, пишување статуси на ФБ или состаноци во разни тела на партијата. И логичниот след е дека тимот ќе се избира од таквите кадри. Во тој избор не смеат да попречуваат несоодветните дипломи или брзината на нивното стекнување. Ова е дигитално време и оние што не го разбираат нека не пишуваат статуси или водат оговарачки дебати. Навистина не знаеме што сакаме ние граѓаните. Зарем треба да нѐ пречекуваат во кабинетите тетки со трајни ладни фризури и облечени како Ангела Меркел. Имале тешки факултети и некакви искуства, а кога треба да ги прашаш нешто како пред воен суд да си. Не, не, ова е ново време на насмеани секретарки модерно облечени и со знаења на современ менаџмент и маркетинг, со стајлинг и персоналитет.

Затоа и ние граѓаните еднаш треба да се доведеме во ред и да си кажеме што сакаме од оние на кои им го даваме мандатот. Според германските научници за јавната сфера потребни се околу 20 години за да се оформи еден политичар. Не навеле дали овде се бројат годините во партија или се бараат некакви резултати од јавното делување. Така е со тие науки со многу нејасни изрази и теореми. Си имаме ние свои прилагодувања на времето и мандатите. Немаме време да ги чекаме нивните процеси, туку мора да итаме кон закажаната цел која тие ни ја поставуваат низ скринингот. Ќе нѐ озрачат од скенирање мислат, ама тие не знаат колку се издржливи нашите мандатари. Затоа најдобро е да даваме мандати со флексибилни рокови. Пример, предмандат од десет години со седумдесет проценти плата и привилегии со ист процент. Мандат од десет години да се операционализира стекнатото искуство во предмандатот и постмандатен период од исто траење за да се прилагоди мандатарот на помандатното време и ги исцели траумите од губењето мандат. Ако му е потребен стаж за во пензија да има право да си го откупи по едно евро на ден од потребниот стаж. Е сега размислете почитувани сограѓани колку ќе ни биде полесно да избираме, да не им гледаме секојдневно во поведението на мандатарите и да ги оставиме да работат за нашите интереси и за своја корист. Инаку навистина не ни бега квалификацијата за неблагодарни граѓани од сите вери и вечери.

Терминот – мандат го употребувам во сите родови според денешното вреднување на тој поим ,колку да не заостанам во модернизмот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: колумнамандатмандатарполитика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ