• Latest

Метаморфозис објави конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, НВО и поединци кои придонесуваат во борбата против дезинформациите

August 21, 2024
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Метаморфозис објави конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, НВО и поединци кои придонесуваат во борбата против дезинформациите

August 21, 2024 15:51
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории:

1. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци кој може да се однесува на:

  • комплексни проверки на факти заради разоткривање на раширени дезинформации во јавниот дискурс;
  • проверки на факти со цел разоткривање серии од слични или тематски блиски дезинформации во јавниот дискурс;
  • анализи за проблемот со дезинформациите или на тематски или други сегменти од оваа појава со препораки за негово надминување;
  • анализи за идните трендови од областа на дезинформациите и очекувањата за можните дезинформациски видови и трендови во иднина (pre-bunking);
  • стручни/аналитички трудови/истражувања наоди кои го унапредуваат справувањето со дезинформациите;
  • истражувачки стории за потеклото и/или движењето/ширењето на дезинформациите низ јавната сфера и последиците од нив;
  • анализи за последиците предизвикани од високо штетни дезинформации и идните очекувани штети од нив;
  • детекција на дезинформациски наративи и акции присутни во регионот и Европа кои имаат домет (или тенденција да достигнат домет) да нанесат штета во Северна Македонија; и
  • други стручни и новинарски трудови од областа на справувањето со дезинформациите.

2. Едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади од 18 до 28 г., каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел да допрат до младите и да ги едуцираат да се јакне отпорноста од дезинформациите.

Право на учество имаат сите оние кои што авторски (поединечно или групно) го создале и објавиле материјалот (од категориите под А. и Б. наведени во Конкурсот) во весник, на телевизија или на интернет-портали во периодот од денот на објавувањето на конкурсот до 1 септември 2024г.

На конкурсот, авторите може да се пријават и со серија на содржини кои се меѓусебно поврзани, но се однесуваат на една конкретна тема. Авторот со пријавувањето на Конкурсот е согласен дека неговиот труд ќе биде ре-објавен во Зборник, кој е посебно електронско издание кое ќе го подготви Метаморфозис, по завршувањето на Конкурсот.

Пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

При оценувањето на материјалите предност ќе имаат оние материјали кои:

  • Се однесуваат на дезинформации кои имаат висок капацитет за нанесување на штети во општеството;
  • Разоткриваат дезинформации кои се однесуваат на широкиот јавен интерес, односно засегаат голем број граѓани на Република Северна Македонија;
  • Ги зголемуваат сознанијата или доаѓаат до нови сознанија за проблемот со појавата на дезинформациите и нудат решенија за справување со проблемот; и
  • Имаат креативен, современ, ефективен и иновативен пристап во презентацијата на наодите до широката јавност.

Конкурсот е отворен до 1 септември 2024 година. Пријавите треба да се поднесуваат на info@metamorphosis.org.mk со назнака: За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Наградата за првата категорија „Најдобар новинарски, односно стручен труд“ изнесува 3.000 евра во денарска противвредност. Наградата за втората категорија „Едукативна мултимедијална содржина подготвена од млади од 18 до 28 г.“ изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.

На Конкурсот немаат право на учество вработените во Метаморфозис. Исто така, на Конкурсот немаат право на учество надворешните соработници на Метаморфозис со материјали кои биле/се подготвени и објавени во рамките на проектите кои ги спроведува Метаморфозис.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ