• Latest

Метастаза на идиотизмот

November 19, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Метастаза на идиотизмот

За крај, да го протолкувам Марк Твен, ако ми дозволите: Лажгото постојано глуми искреност, но, ако искрениот ја признае својата лага, тогаш и глувите и немите и слепите ќе го разберат неговиот јазик, ама проблемот е што сè уште не го разбираме јазикот на десничарите. Дај Боже и никогаш да не го разбереме.

November 19, 2019 12:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ХУСЕИН АДЕМИ

Генијалниот американски писател, Марк Твен, во една прилика изјавил: „Човек не може да биде поискрен освен кога ќе признае дека е лажго“. Ваквата филозофија на овој извонреден ум можеби е резултат на проблемите низ кои минувал откако во една финансиска авантура загубил 300.000 долари, што е рамно на денешни 7.400.000 долари, отприлика. Убиен во поим од капитализмот во подем и кредитните долгови во кои буквално се давел, а поради кои подоцна паднал во тешка депресија, овој писател, во манир на пророк што предосетува каква ќе биде иднината на човекот, вели дека најголемата доблест на тоа јадно и себично суштество е да признае дека е навистина лажго!

Општеството во кое живеел Марк Твен денес е највлијателното во светот на економијата, политиката и воената надмоќ. Тоа е резултат на судир на идеи кој на крајот произвел држава во која за секаков вид на криминал постои одредена функционална санкција, а просперитетните таленти повеќекратно се наградуваат за да допринесат за добросостојбата на таа мулти-културна заедница.

Но, кај нас нештата никако да се мрднат од место. Интелектуалниот сталеж во земјата ни, не сите, сè уште живее во романтизмот на некакви историски идеи кои како ѓубриво насекаде ја прекриваат активната почва на национализмот и дискриминацијата. Секако, тоа го убива потенцијалот за просперитет на младата генерација која се стреми кон европските вредности. Наместо да се испрати порака за длабока и сестрана соработка меѓу сите нас во оваа истоштена држава, националниот романтизам на политиката на десната политичка опција предизвика идеолошки реуматизам кај своите подржувачи и тоа најде место во нивните електронски и печатени медиуми.

Па така, шовинистичкото дневно гласило „ВЕЧЕР“ кое инаку во континуитет шири лаги, демагогија и дезинформации, помеѓу другото и исмевајќи ја конверзацијата на немакедонецот т.е. начинот на кој тој се труди да го зборува македонскиот јазик во секојдневната комуникација со своите колеги неалбанци, нероми или нетурци на своето работно место или во секојдневното пријателско дружење. Погледнете го само насловот од 05.11.2019 година, преку кој се пресметуваат со СДСМ, односно кога градоначалникот на Скопје ја продаде Градската Куќа: „Петре го ПРОДАДЕ КУЧАТА – БУКВАЛНО!“

Јаднициве ги погодила метастаза на идиотизмот и така во еуфорија дека наскоро повторно ќе се вратат на власт, одново дрско и безобразно удираат по основните вредности на општата култура и етика прокламирани од советот на ОН дека никој никого нема право да го навредува врз основа на неговото етничко потекло и религиска определба.

Кога веќе говориме за моралот и етиката, предлог до политичко-интелектуално-верската фела: свикајте заедничка средба која ќе биде пренесувана на сите национални телевизии, а во која ќе говорите за потребата на заеднички соживот и должно почитување искажано кон поинаквиот, ослободени од теретот на национално-религиската кауза. Ајде, конечно и тоа чудо да се случи во С. Македонија, бидејќи чудни денови не очекуваат во светло на европските политички случувања. За крај, да го протолкувам Марк Твен, ако ми дозволите: Лажгото постојано глуми искреност, но, ако искрениот ја признае својата лага, тогаш и глувите и немите и слепите ќе го разберат неговиот јазик, ама проблемот е што сè уште не го разбираме јазикот на десничарите. Дај Боже и никогаш да не го разбереме.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ