• Latest

Метли, гласови, беса, вапцање јајца, Шарена револуција

April 26, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Метли, гласови, беса, вапцање јајца, Шарена револуција

April 26, 2019 13:08
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Тахири

Неделава, односно деновите по првиот изборен круг на гласање за претседател на државата, некој се фати за метла, некој за кодот од Законикот на Лек Дукаѓини – Беса (заборавена и од Албанците), и вапцаше јајца, и, сите за гласовите од Река и Шарената Револуција.

Метлата му припадна на лидерот на СДСМ и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Кандидатката Гордана Силјановска Давкова си ги присвојува гласовите што отидоа на контото на Река, а вчера на својот профил пријави дека вапцала јајца, и нѐ почести со фотографија од истите. Лидерот на СДСМ и премиерот Заев, откако во кампањата пред првиот круг им порача на гласачите дека секој глас за Река е „глас фрлен во кош“, сега истите ги бара за кандидатот Пендаровски. Од ДУИ велат дека тие си го завршиле својот дел од работата што се однесува до прибирање гласови за заедничкиот кандидат Пендаровски, но дека за вториот круг, ќе одат од врата на врата да бараат гласови. Блерим Река веќе не е кандидат, но неговата сенка во облик на гласови се надвива врз двата кандидати во кампањата за вториот круг од гласањето.

Од  Шарената револуција, односно од нејзините борци, поддршка бараат и двата кандидати.

Активисти на Шарената револуција ги повикуваат на мегдан кандидатите за претседател на државата, да одговорат на прашања од граѓаните кои се идентификуваат со идеалите на Шарената. На овој повик прв одговори кандидатот Стево Пендаровски, на митингот во Велес.

„Има точно 3 години како почна Шарена револуција. Од Велес многу луѓе дојдоа. Изреволтирани од одлуката на Иванов да аболицира криминалци. Има иницијатива од Шарената револуција двајцата кандидати да се соочиме со лидерите на Шарената револуција и да одговориме на сите нивни прашања, како оваа држава да биде уредена според урнекот Нема правда нема мир. Ја прифаќам поканата и подготвен сум да одговарам на сите нивни прашања и забелешки“ – одговори на повикот,  кандидатот за претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, но, со една грешка на почетокот на својот одговор – „Го прифаќам предлогот за соочување со лидерите на Шарената револуција, ќе одговорам на сите нивни прашања!“, со што предизвика бројни реакции од граѓаните што беа дел од Шарената револуција, со укажување дека Шарената немаше лидери.

Пендаровски на митингот во Велес ја потсети јавноста дека Силјановска беше дел од режимот против кој се крена Шарената.

Кандидатката Силјановска-Давкова синоќа присуствуваше на ракометарскиот натпревар помеѓу Вардар и Пик Сегед, кадешто победи Вардар, и уживаше во интерпретацијата „Next Time“ на песната „Ја излези Ѓурѓо“. Според нејзината реакција, се гледа дека настанот го доживеала прилично емотивно.

Силјановска-Давкова ги покани граѓаните на средба во Јавна соба,  да ѝ поставуваат прашања и заедно да дискутираат за иднината на земјата и зошто треба да го дадат својот глас за неа.

За претстојните празници, кандидатите најавија дека нема да имаат активности од типот на поголеми собири, туку дека ќе имаат тивки средби со граѓаните, во духот на празниците.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

 

Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ