• Latest

Mетодологијата на ЕУ за проширување и нејзиното влијание врз преговорите

May 24, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Mетодологијата на ЕУ за проширување и нејзиното влијание врз преговорите

May 24, 2021 18:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Обземени со прашањето, ќе почнат преговорите или не, запоставуваме некои теми кои се чинат неактуелни или технички. Такво е и прашањето за новата методологија на проширувањето. Во предлогот на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, која што постојано ja споменуваме, е всушност применета на новата методологија, иницирана од Франција и усвоена од Советот на ЕУ во март 2020 година. Точно е дека методологијата има најголемо влијание врз преговорите, но точно е и дека ќе се применува на процесот на проширување, воопшто.

Ќе се обидеме што поедноставно да претставиме што во новата методологијата е ново.
Процесот досега беше структуриран во 35 поглавја. Поглавјата не се менуваат, но се групираат во т.н. кластери. Иако има некаква логика во групирањето, кластерите не секогаш чинат конзистентна целина.

Преглед на кластери со поглавја:

1. Темели
23. Правосудство и фундаментални права
24. Правда, слобода и безбедност
Фунционирање на демократските институции
Реформа на јавната администрација
Економски критериуми
4.Јавни набавки
18. Статистика
32. Финансиска контрола

2. Внатрешен пазар
1. Слободно движење на стоки
2. Слободно движење на работници
3. Право на основање и слободно движење на услуги
4. Слободно движење на капитал
6. Право на трговски друштва
7. Право на интелектуална сопственост
8. Политика на конкуренција
9. Финансиски услуги
28. Заштита на потрошувачите и здравствена заштита

3. Конкурентност и инклузивен раст
10. Информатичко општество и медиуми
16. Оданочување
17. Економска и монетарна политика
19. Социјална политика и вработување
20. Претпријатија и индустриска политика
25. Наука и истражување
26. Образование и култура
29. Царинска унија

4. Зелена агенда и одржлива поврзаност
14. Транспортна политика
15. Енергија
21. Трансевропски мрежи
27. Животна средина

5. Ресурси, земјоделство и кохезија
11. Земјоделство и рурален развој
12. Безбедност на храната, ветеринарство и фитосанитарна политика
13. Рибарство
14. Регионална политика и координација на структурни инструменти
33. Финансиски и буџетски одреби

6.  Надворешни односи
30. Надворешни односи
31. Надворешна, безбедносна и одбранбена политика

Одредниците, односно условите за отворање порано беа на ниво на поглавје, а сега ќе бидат на ниво на кластер. Се толкува дека вака ќе биде полесно, но не мора да значи – зависи од тоа какви и колку одредници ќе се постават.

Кластерот „Темели“ е многу посложен од она што порано беше пристап „Прво темелите“ (рано отворање на поглавјата 23 и 24), а задолжително прв се отвора. Сега во кластерот влегуваат и демократските институции и јавната администрација, економските критериуми и три други поглавја. Ако за поглавјето 23 проблем беше што има малку „цврсто право на ЕУ” (директиви, регулативи, итн.), а повеќе меѓународни стандарди, тоа уште повеќе може да се каже за областите демократски институции и јавна администрација. За овие области нема единствени „рецепти“ на ниво на ЕУ, ниту системи на оценување, кои рака на срце, на „мек начин“ сега се воспоставуваат со механизмот за следење на владеењето на правото во ЕУ. Порано се бараа планови за поглавјата 23 и 24, сега се бараат и за демократски институции и за јавна администрација (под името „патокази“). Натаму, внесувањето на економскиот критериум во Кластерот „Темели“ , носи специфична тежина. Ова особено се однесува на неговиот втор поткритериум – конкурентност на економијата, затоа што е јасно дека без посилна финансиска поддршка од ЕУ, не може да се постигне конвергенција со ЕУ.

Затворањето поглавја дефинитивно не е полесно. Исто како и порано, тоа е поединечно за секое поглавја, но сега не може да се затвори ниедно поглавје додека не се исполнат привремените одредници за поглавјата 23 и 24. Само да напоменеме – ниту Црна Гора, ниту Србија ги немаат исполнето привремените одредници за овие поглавја, а преговараат речиси 9, односно седум ипол години.
Од напредокот во поглавјата 23 и 24 (сега од целиот Кластер) зависи напредокот во другите поглавја, па и можна суспензија на преговорите. Со новата методологија се воведува и т.н. принцип на „повратност“ (реверзибилност) на процесот. Прашање е колку овие измени ќе бидат од практично значење, со оглед на тоа што Советот на ЕУ обично не прибегнува кон вакви мерки, туку главно го успорува (замрзнува) темпото на преговорите и праќа политички пораки со своите заклучоци.

Покрај оваа „негативна“ условеност, методологијата предвидува и „позитивна“, односно побрза интеграција во кластерите каде што има напредок, но ова не е конкретизирано.

Една промена ретко кој ја забележува- сега оценката и отворањето на кластерите се врзува со годишниот циклус на известување на Комисијата, за разлика од поранешното темпо на две меѓувладини конференции годишно, што само по себе влијае негативно на динамиката на преговорите.

Конечно, новата методологија декларира поголема улога на државите членки. И самото декларирање ги поттикнува државите членки да влезат во потфати што порано се чинеа резервирани за Комисијата, како што е оценката за напредокот. Ова е особено осетливо во нагласениот кластер „Темели“.

На крајот на краиштата, одлуката е секогаш политичка – на државите членки, па процесот е доволно еластичен за да се врамат и нови правила во постојните рамки. Така, иако за Црна Гора и Србија не се променија преговарачките рамки, се применува новата методологија, откако и двете земји се согласија на тоа: Црна Гора порано, Србија подоцна- и не многу волно.

Малинка Ристевска Јорданова/ META

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ