• Latest

МФ: Северна Македонија дел од историскиот договор за корпоративна даночна реформа, се очекуваат повеќе приходи

October 12, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски: Русија мора да биде повикана на одговорност, светот мора да изврши притисок за крај на војната

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МФ: Северна Македонија дел од историскиот договор за корпоративна даночна реформа, се очекуваат повеќе приходи

October 12, 2021 19:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании. Ова го овозможува договорот за корпоративна даночна реформа, кој Република Северна Македонија го постигнаа изминатата недела заедно со 136 други земји.

Како што информираат од Министерството за финансии, оваа голема реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании.

Со Првиот столб од договорот се очекува реалоцирање на профитот од повеќе од 125 милијарди американски долари од 100-те најголеми и најпрофиталибилни мултинационални корпорации во земјите ширум светот, обезбедувајќи овие корпорации да го платат својот фер удел на данокот каде и да работат и генерираат профит. Тоа значи дека ќе се изврши реалокација на даночните права врз овие мултинационални корпорации од земјите каде што се наоѓаат нивните матични седишта во земјите каде што вршат реални деловни активности и остваруваат профит, без разлика дали имаат физичко присуство таму т.е маркет јурсидикциите. Со овие нови правила се опфатени оние мултинационални корпорации кои што се сметаат за победници на глобализацијата, односно имаат приходи повисоки од 20 милијарди евра и профитабилност над 10 отсто, така што правото на оданочување на 25 проценти од нивниот резидуален профит ќе им припадне на маркет јурисдикциите.

Со Вториот столб, пак, се воведува глобална минимална стапка на корпоративен данок од 15 проценти, со што се проценува дека на глобално ниво ќе се остварат околу 150 милијарди американски долари нови приходи годишно. Новата минимална даночна стапка ќе важи за компании со приход над 750 милиони евра.

Дополнуваат дека понатамошни придобивки од оваа реформа ќе произлезат и од стабилизирањето на меѓународниот даночен систем и зголемената даночна сигурност за даночните обврзници и даночните администрации. Со глобалниот минимален данок ќе се стави крај на даночните раеви и ќе се намалат стимулациите за мултинационалните корпорации да го префрлаат профитот од земјите во развој.

Како што велат оттаму, проценките направени од страна на ОЕЦД за економското влијание покажуваат дека земјите со низок, среден и висок приход ќе остваруваат дополнителни приходи а деталниот план за имплементација на двата столба содржи амбициозни рокови, односно е предвидено ова решение да се имплементира и да започне да се применува од 2023 година.

Договорот е одговор на промените што произлегоа од дигитализацијата и глобализацијата кои имаа влијание врз економиите и животот на граѓаните и предизвиците што се однесуваа за правилата за оданочување на меѓународните деловни приходи, кои преовладуваа повеќе од сто години а што резултираше големите мултинационални корпорации да не го плаќаат својот фер удел од данокот и покрај огромниот профит што многу од овие корпорации го остварија.

По интензивни преговори за усогласување на меѓународниот даночен систем со предизвиците на 21 век, Република Северна Македонија, заедно со уште 136 јурисдикции, меѓу кои и сите земји од Западен Балкан, се приклучија кон историски договор, односно кон консензусот за Pillar 1 и Pillar 2 oд БЕПС Инклузивната рамка за решавање на даночните предизвици што произлегуваат од дигитализацијата на економијата. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ