• Latest

МИА влегува во преговори за колективен договор

February 6, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МИА влегува во преговори за колективен договор

February 6, 2018 10:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

МИА ќе биде првиот медиум во Македонија што ќе почне преговори за потпишување на првиот колективен договор меѓу синдикатот и работодавачите.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која вчера ја посети МИА токму по овој повод, истакна дека е важно во процесот на преговарање да бидат опфатени сите прашања што може да се очекуваат од колективниот договор и до каде треба да одат нашите амбиции.

– Кога станува збор за договор значи дека двете страни треба да бидат согласни по истите прашања и треба да најдете средина никој да не биде оштетен – ниту работодавачот, ниту работниците, а сепак да имаме поповолни услови за работа или некои поволности за работниците. Не секогаш станува збор за преговор само за плата, туку и за други услови што барате да ви бидат обезбедени за да имате соодветно работно место. Секако дека и платата е отворена за дискусија и тоа ќе треба да го преговарате во согласност со буџетот на институцијата и можностите кои се лимитирани и се главно буџетски, рече Царовска, изразувајќи надеж дека создадените поволни можности за синдикално преговарање ќе бидат искористени.

На средбата со вработените присуствуваше и Јасмина Поповиќ од хрватската национална телевизја ХТВ, која споделувајќи го своето искуство говореше за методологијата на водење на преговарачкиот процес.

Во преговорите за склучување на колективниот договор на вработените во МИА ќе биде вклучен и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ, како репрезентативен синдикат во фелата.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: колективен договорМИАМТСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ