Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска се пријавил во струшкиот затвор, согласно судската покана за издржување на тригодишната затворска казна, објави Телма повикувајќи се на свои информации.
Мијалков откако склучи спогодба со обвинителството за непријавениот имот во случајот Империја доби тригодишна затворска казна, по што ја смени адресата на живеење во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга, кој е од отворен тип.
Овој „маневар“ наиде на бурни реакции во јавноста, а министерот за правда, Никола Тупанчески, ова го нарече „затворски туризам“, бидејќи погодностите во овој затвор се многу поголеми.
Влегувањето во затвор на Мијалков доаѓа откако веќе еднаш го одложи издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Во меѓувреме, во хотелот „Мериот“ го славеше раѓањето на неговата прва внука, од синот Јордан. Два дена подоцна, без да побара ново одложување, се јави на издржување на казната.
„А1он“ објави дека Мијалков во затворот дошол сам, без обезбедување, носејќи куфер.
М.Д.