Екс министерот Миле Јанакиески од саботата штрајкува со глад во истражниот затвор Скопје, каде што од петокот се наоѓа во притвор, одреден за најновиот предмет на Обвинителството за организиран криминал и корупција, односно за продажба на државно земјиште.
Адвокатот Еленко Миланов за „Фокус“ појаснува дека Јанакиески е револтиран поради одредениот притвор.
„Прекршен е законот, односно на сила се две решенија за притвор, едното за куќен притвор одреден за случајот „27 април“ и сега за новиот предмет, за кој доби притвор. Тоа е недозволено. За потешка квалификација, за „27 април“ доби куќен притвор, а сега притвор, со истите образложенија дека можел да избега или да влијае врз сведоци, изјавил адвокатот Миланов.