Миленко Неделковски продолжува да шири говор на омраза на својот Фејсбук профил објавувајќи видео од неговиот Јутјуб на кое закачува фотографии со активисти од Шарената револуција и ги прашува во која категорија спаѓаат во „шуто или рогато“ и дали Зоран Заев им ја е… м….? Тој во видеото користи говор на омраза и активистите ги навредува нарекувајќи ги кретени кои според него се заслужни да падне легалната, легитимната и демократската власт на Никола Груевски.
Прв на списокот е Павле Богоевски кого го нарекува наркоман, пришто закачува фотографии од него од 27 април од Собрание и вели „како што гледате Павле бил и тепан и еб…“, (иронично се смее).
Следи Јовe Кекеновски кого Миленко го нарекува „армоника“ и прашува дали е шут, рогат, дали мајка му е добро. Потоа следат Влатко Васиљ, па Јорданка Иваноска Јоци (за која е сигурен дека е нееб….). Меѓу останатите кои ги спомнува е и Ванчо и Сашо Ордансоки, Ивана Туфегџиќ, Бранко Героски, Замир Мехмети (и сестра му Ермира), Бранко Тричковски, Југослав Петровски, Владе Милчин…
При редењето на фотографиите на активисти во Шарената револуција, Миленко коментира кој е шут, кој е рогат, кого жената го изневерувала, кој земал пари, кој е со ограничен развој…
Ова објава има десетици споделувања и коментри на Фејсбук, кои најчесто се со говор на омраза.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Од говорот на омраза лесно се преминува на дела од омраза.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ