Претседателот на ЛДП го повтори барањето за промена на изборниот модел во една изборна единица. Но ако за ова нема расположение да се случи до прогласувањето на изборите, тој цени дека минимум треба да се спроведат отворени листи. Според Милевски, овој модел е и полесен со актуелните шест изборни единици, ако другите партии сметаат дека не може да се оди со една изборна единица. Милевски потсети дека ова се најавило уште на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.
„Инсистираме да има една изборна единица без праг, а доколку нема консензус за таа работа, постојниот изборен модел со шест изборни единици, треба да има отворени листи. Бидејќи сите се залагаме за отворени листи, а велат дека е невозможно тоа да се направи со една изборна единица, еве, апелирам тоа да се направи со шесте изборни единици. Со тоа ќе можеме да донесеме одлука околу нашиот настап на следните избори“, вели Милевски.
А. Зеќири