• Latest

Минатата недела ДИРЕКТНО: гласачки права, правен систем и контрола на оружјето

September 22, 2018
Фото: Твитер

Со протести во 30 градови во Србија се бараат избори

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на FAZ

Тројца пациенти починале во пожар што избувнал во болница во Хамбург

June 1, 2025
фото: Скриншотод видео на 
Sky Sports News

Две лица загинаа, стотици уапсени во судирите во Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

June 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Се чини дека Трамп не е толку моќен колку што мисли дека е

June 1, 2025
Фото: Игор Додик/Х

Синот на Додик на самит со неонацисти во Будимпешта

June 1, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го негира извештајот на „Њујорк Тајмс“дека користи дроги

June 1, 2025
Наводна слика од излетување на воз од шините во руската област Брјанск во текот на ноќта на 31 мај 2025 година по уривањето на мост. Најмалку седум лица загинаа, а уште 69 се повредени во инцидентот, тврдат руските власти. Фото: ASTRA/Telegram

Најмалку седум загинати, 69 повредени во излетувањето на воз од шините при уривањето на мост во Брјанската област во Русија 

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 26 Палестинци убиени откако израелски тенкови отворија оган во близина на центарот за помош во Газа

June 1, 2025
Created with the assistance of ChatGPT, an AI developed by OpenAI.

(ЕКСКЛУЗИВНО) Кина – тивкиот партнер во војната на Путин

June 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Минатата недела ДИРЕКТНО: гласачки права, правен систем и контрола на оружјето

September 22, 2018 17:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа недела помина во знакот несовесното работење на полицијата и судовите, улогата на младите во референдумскиот процес, а во тој контекст на мета беа гласачите третирани како бројки и состојбата на Избирачкиот список.

Џабир Дерала во директно зборуваше за едно брутално убиство што го извршува припадник на полицијата, но истовремено потсети дека јавноста треба да има предвид и други моменти. Зборувајќи поопширно за пропустите на полицијата ја истакна и употребата на службеното оружје и воопшто вооруженото насилство.

„Мора да се зајакнат процедурите за употреба на службеното оружје во институциите каде што е инволвирано оружјето. Се разбира, и во доменот на цивилното поседување на оружјето за кое многу често сме зборувале и во минатото, контролата мора да се зајакне. Ова е трагичен настан кој не замислува сите и ги ужаснува граѓанките и граѓаните.  Но, сепак, треба да оставиме на институциите ова да го решат на начин кој е брз, ефикасен и законски“, изјави Дерала.

Критика се упати и до политичките партии и нивниот начин на креирање на јавното мислење во вакви трагични случаи.

„Се разбира, не помагаат ни најмалку соопштенија од една од најнеодговорните политички партии во Македонија кои своите недостатоци, односно последици од ужасното владеење ги припишуваат на оваа власт, а од друга страна оваа власт не може да се амнестира од одговорност заради бавноста на реформите“, истакна Дерала

Референдум: Правото на глас и состојбата на Избирачкиот список

ЦИВИЛ постојано апелира на гласање и искористување на правото на глас, односно со својата излезност да одлучат за иднината да државата.

„… во ниеден момент немаме намера да сугерираме како да гласаат граѓанките или граѓаните. Уште еднаш ќе повторам граѓанките и граѓаните би требало да останат достоинствени и смирени и да не одговараат на говорот на омраза со говор на омраза“, истакна Дерала

Во контекст на правото на глас ЦИВИЛ апелираше до Државната изборна комисија и институциите за поефикасно и побрзо решавање на спорните елементи во заштитата на гласачкото право.

„Сега имаме ситуација луѓето што се болни, односно тие што не знаат дека ќе се разболат на денот на гласање, нема да може да го искористат своето право ако седум дена пред тоа не ја најават својата потреба да гласаат дома. Значи, ако се разболиш пет дена пред референдумот не ќе може да гласате од дома туку ќе мора да се снаоѓате да одите до гласачкото место за да го направите тоа.

Апелираме до државните институции, до ДИК, до Собранието да спроведат некои итни мерки кои се во рамки на законот и да обезбедат гласање на сите граѓан(к)и со право на глас. Што е можно побрзо и поефикасно да им овозможат такво нешто бидејќи според уставот имаат обврска да им овозможат услови за гласање на сите граѓанки и граѓани со право на глас“, рече Дерала.

Биљана Јордановска фокусот го насочи кон состојбата на Избирачкиот список.

„Апелот на ЦИВИЛ и бурната реакција е дека бројката на впишани гласачи во Избирачкиот список е нереална. Соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија нема да функционира со вкрстените проверки и дека повторно на сцена ќе настапат фантомските гласачи, повторно ќе се појават починати лица и спорни гласачи. Огромниот број на пријави коишто стигнаа на адресата на ЦИВИЛ токму тоа и го потврди. Очекувањата беа дека оваа бројка драстично ќе се намали, а не да се зголемува“, истана Јордановска.

5 мај 2015, демонстрантите уште на  мета на правосудството

„Токму тие луѓе, сега, три години по овој настан, се викаат на суд. Се гонат судски заради тоа што го прекршиле јавниот ред и мир според член 15 од законот за прекршоци. Тоа е нешто што не можеме да го прифатиме во ниедна варијанта. Едноставно наместо тие луѓе да бидат пофалени во јавноста, да им се заблагодари Владата, институциите  и граѓанките и граѓаните за тоа што го направиле, наместо тие луѓе да добијат извинување, наместо да бидат викнати на некоја средба со институциите да им се понуди некаков надомест за нанесената штета, материјален или морален, тие луѓе сè уште се мета на судскиот прогон. Речиси две години по падот на режимот на Груевски тие луѓе сè уште се повикуваат на суд“, зборувајќи во контекст на судските покани на демонстраните кои во голем број ни криви ни должни завржија во притвор на 5 мај 2015 искористувајќи го единствено демократското право на протест.

„Така, неколку наши другарки и другари се јавија во ЦИВИЛ и пријавија дека се поканети на суд во октомври. Едноставно не можеме да прифатиме како аргумент еве според законот сè мора да помине низ некој процес, дека ќе бидат ослободени поради олеснителни околности, застареност на предмет… Тоа не можеме да го прифатиме. Тој судски процес мора да се запомни како политички судски процес во кој се гонат луѓе што протестирале за слобода и за демократија“, дециден беше Дерала.

Останете со ЦИВИЛ будни, директни и гласни и наредната недела.

Б. Ј. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ