Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари.
Ваквото зголемување доаѓа како резултат на усогласувањето и порастот на просечната плата, која и покрај кризата, статистиката пресмета дека се зголемила за 8,8%, како и порастот на трошоците. Но негативниот БДП лани, не дозволува повисок раст на минималецот. А токму тоа го бараат синдикатите. Да нема работник во државата кој ќе зема плата под 16.000 денари.
Просечната плата во земјата, според Државниот завод за статистика, изнесува 28 294 денари.
Извор: 24 ТВ