Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска е во официјална посета на Украина, каде што утре во Киев ќе копретседава со третата седница на меѓу владината македонско-украинска комисија за следење на Договорот за трговска и економска соработка.
Министерството за економија информира дека Бектеши во рамки на посетата ќе има билатерални средби со првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко, и со заменик-министерот за економија, трговија и земјоделство Тарас Качка, кој од украинска страна е копретседавач на меѓу владината македонско-украинска комисија.
За време на престојот, Бектеши ќе го посети и претставништвото на „Алкалоид“ во Киев.