Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку видео-конференција учествуваше на вонредниот состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи на кој се разговарало за улогата и идните активности на НАТО по последните случувања во Авганистан како и потребата од натамошна забрзана евакуација на граѓаните на земјите-членки и партнери и авганистанските граѓани кои беа ангажирани од страна на НАТО и други меѓународни организации во изминатите 20 години и сакаат да ја напуштат земјата,
Од МНР соопштија дека министерот Османи на состанокот информирал и за одлуката на Владата за времено прифаќање на цивили од Авганистан, кои биле дел од хуманитарни мисии и соработувале со НАТО сојузниците. Исто така се заложил фокусот на Алијансата и понатаму да биде ставен врз хуманитарниот аспект и како примарна ја издвои потребата за продолжување на операцијата за евакуација, како и врз справувањето со заканите од поттикнување на меѓународниот тероризам од Авганистан.












