32 проценти од полнолетното население во земјава е имунизирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Воглавно се вакцинира население од над 16 години, без закажан термин, информира Министерството за здравство.
Како што соопштува министерството, заинтересираноста за вакцинација кај граѓаните и натаму расте. „Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што, заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот”, повикуваат од Министерството за здравство.
Каако што е соопштено, најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51, а во Кавадарци 50.3 проценти. Во Охрид 48.1 % од жителите се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9 % од населението во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза од 46.3 и 46.7 проценти. Процентите со барем една доза на вакцина опаѓаат во Берово 44.1 %, Пехчево 43 %, Штип 43.1 % и Валандово 40.5 %.
Вакцинирани со намалку една доза помеѓу 30-40 проценти има во Демир Хисар, Велес, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип. Помеѓу 20-30 проценти се опфатени вакцинација со барем една доза граѓаните на Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, Македонски Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9 проценти во Гостивар.












