• Latest

Министерството за одбрана на прво место во регионот според Индексот на отвореност

December 7, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерството за одбрана на прво место во регионот според Индексот на отвореност

December 7, 2023 15:58
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за одбрана е прворангирана институција во Северна Македонија и во регионот според најновиот извештај согласно Индексот на отвореност на Фондацијата Метаморфозис. Северна Македонија, пак, е лидер во однос на отвореноста во споредба со Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Со 89,72 процентна исполнетост на критериумите во четирите столба- пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност, како што е наведено во соопштението, Министерството за одбрана е на прво место, Владата на Република Северна Македонија со 79,14 проценти е второрангирана, додека Министерството за внатрешни работи со 78,9 проценти е на третата позиција.

Во однос на четирите столба на кои се основа овој композитен индекс, одбраната предничи во делот на транспарентноста, како и во доменот на интегритетот, каде се исполнети 100 проценти од критериумите.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која се обратила по презентирањето на Индексот на отвореност за оваа година, порачала дека е горда на достигнатиот успех, за кој кажала дека е важна законската регулатива, но и волјата за нејзино спроведување која е евидентна во Министерството за одбрана.

-Фактот што сме први во ова истражување ме прави горда, меѓутоа тоа е резултат на добар тим, кој е посветен на оваа проблематика чиј приоритет број еден му е транспарентноста на Министерството. Многу е важно да постои законска регулатива која што треба да ја следиме  и клучниот услов за таа законска регулатива да биде имплементирана е да се има волја која во Министерството за одбрана постои, нагласи Петровска.

Министерката истакнала дека отвореноста на одбраната е воспоставена со правни акти, со правилници, Комуникациска стратегија, но и со посветен тим кој соработува и со граѓанските организации.

-Вратите на сите институции треба да бидат отворени за соработка со граѓанските организации затоа што многу често тие даваат решенија кои можеби институциите и администрацијата во тој момент не можат да ги препознаат. Благодарна сум им на граѓанските организации што секогаш будно ја следат работата на институциите, нагласила министерката.

Транспарентноста е и најдобриот одговор на дезинформациите и лажните вести, порачала Петровска, и додала дека Министерството е подготвено да ги пренесе своите искуства за да се изгради општествена отпорност на овие штетни појави.

-Институциите мора да бидат транспарентни зашто во светот, во регионот и во Северна Македонија постои еден прикриен натпревар за тоа како да се пласираат невистини, како да се изместат институциите, па и општеството од секојдневните активности. Остануваме отворени и се нудиме за помош и поддршка на останатите институции, посочила Петровска.

Петровска информирала дека во рамки на Министерството подолго време функционира Регионалниот центар за односи со јавноста кој има за задача да се бори со дезинформациите и да помага во транспарентноста и отвореноста. Изминатиот период во овој Центар биле спроведени обуки за градење на општествена отпорност на кои се презентирани позитивните искуства на одбраната и значењето на транспарентноста во борбата со лажните вести.

Програмската директорка на Фондацијата Метаморфозис, Данче Даниловска Бајдевска укажала на сеопфатноста на Индексот кој е состои од стотици индикатори распоредени во четири подобласти и порача дека овој Индекс е креиран согласно највисоките светски стандарди за отвореност и транспарентност. Даниловска посочила на одличниот резултат на Министерството за одбрана и укажа на потребата од раст на отвореноста и транспарентноста на сите органи во извршната власт.

На панел-дискусијата говореле и Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Константин Битраков, специјалист за спречување на корупција од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Одбраната, како што се навцедува во соопштението, веќе неколку години има исклучително добри резултати во однос на отвореноста и на активната транспарентност. Согласно Индексот за активна транспарентност, Министерството е позиционирано на првото место четири години по ред, од кои последните три со максимален учинок, односно 100-процентно исполнување на критериумите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ