• Latest

Мираковска од Стразбур: Бојкотот на Собранието не е начин да се оди напред, мора да се донесат реформите што ќе не однесат во ЕУ

October 6, 2022
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
Фото: wikimedia commons

Санкциите на Трамп се „шок“ за Москва, можат да им нанесат „сериозен удар“ на нафтените гиганти

October 24, 2025

Додик повеќе не е претседател на Република Српска – пораз или победа на неговата политика?

October 24, 2025

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мираковска од Стразбур: Бојкотот на Собранието не е начин да се оди напред, мора да се донесат реформите што ќе не однесат во ЕУ

October 6, 2022 18:26
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од европратениците беше потенцирано дека бојкотирањето на Собранието не е начин да се оди напред, особено не да се имплементираат реформите што ќе не однесат во ЕУ, изјави за МИА пратеничката Соња Мираковска по завршувањето на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ.

Затоа една од последните теми или петтата тема за нашиот 20-ти состанок е процесот „Жан Моне“, што со него, како ќе продолжиме и кога ќе го завршиме затоа што тој ќе ни донесе еден деловник што ќе биде помодерен, кој ќе биде ефикасен и со кој ќе можеме практично да одговориме на предизвиците, Собранието да биде функционално, да најдеме начин за компромисни решенија со опозицијата за да можеме практично да ги спроведуваме реформите, да ги носиме законите со кои ќе се спроведат реформите, рече таа.

Посочи дека следува Меморандум со кој ќе се дефинира улогата на Собранието и двете важни тела во Собранието, а тоа е Комисијата за европски прашања, но и Националниот совет кој го води претставник на опозицијата, две важни тела кои ќе си ги поделат задачите околу пристапниот процес.

Мираковска потсети и дека Собранието веднаш по носењето на одлуката на Европскиот совет донесе заклучоци во кои ги постави црвените линии.

Ги задолжи и оваа Влада и идните влади работите за кои не може да се преговара, а тоа се идентитетските прашања, прашањата за македонскиот јазик, прашањата кои се однесуваат на нашето право за нашата историја и дека билатералните договори треба да се потрудат идните влади да не дозволат да бидат предмет на преговори во дел на преговарачката рамка, туку надвор од процесот, рече таа.

Мираковска нагласи дека главната порака од состанок е дека Република Северна Македонија ги започна преговорите.

Тоа го потврдија претставниците на Европската комисија дека со Македонија работите се движат, започнати се разговорите, почнат е скрининг процесот, се очекува наредната година да заврши и дека сме на патот на кој заедно работиме, на пат на кој споделуваме информации, одиме напред кон ЕУ, рече Мираковска.

Во Европскиот парламент во Стразбур овие два дена се одржуваше 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), којшто првпат се одржува откако Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ