Погребната церемонија за Мирослав Стојановиќ – Шуки ќе се одржи денеска, вторник, 16 јануари 2018, во неговиот роден град, Ниш. Церемонијата ќе започне во 11 часот со собир во капелата на Ново гробље во Ниш, додека опелото ќе се одржи во 12:30 часот. Погребот ќе биде во 13 часот.
https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1525975277520936/
ЦИВИЛ отвори книга на жалост во своето седиште, достапна секој работен ден, од 12 до 14 часот. Книгата на жалост ќе биде отворена до денот на комеморацијата, за чиј датум дополнително ќе известиме.
Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист почина ненадејно, на 10 јануари. Имаше 54 години.
Шуки беше наш голем уметник и активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт.