• Latest

Мицкоски бара избори, како дете што бара плејстејшн; намалени цените на тестенините и млечните производи; Ачкоска повикана во полиција, се правдаше дека згрешила

March 16, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Мицкоски бара избори, како дете што бара плејстејшн; намалени цените на тестенините и млечните производи; Ачкоска повикана во полиција, се правдаше дека згрешила

March 16, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

Од денеска поевтино млеко и тестенини, можни интервенции и за цените на овошјето и зеленчукот

Во маркетите од денеска се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти. Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво нешто и кај зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените.

Согласно со одлуките на Владата, од денеска се замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои на полиците во маркетите се пониски за 15 проценти, како и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти,  јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10 проценти. Ако цените се нелогични и по 31 мај, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, ќе следи повторно замрзнување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека нема да има привремени парламентарни избори на крајот од мај и на почетокот на јуни оваа година, без да има техничка Влада, како што денеска повторно побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Имам јас еден внук Никола и цело време му викам: ‘А бе Никола, земи работи, книгата, учи, работи за да напредуваш’, а тој ми вика: ‘Купи ми ‘плејстешјн’. И што и да му кажеш, тој цело време вика: ‘плејстејшн, па плејстејшн’. И ова ме потсетува на претседателот на опозицијата, т.е. на мојот внук Никола, кој, наместо да се фати со работа, само бара да му се купи ‘плејстејшн’, така што сметам дека и тие треба да се посветат на работа во општините отколку само и само да повторуваат: ‘Предвремени избори’. Предвремени избори нема да има, ќе има редовни избори за кои го кажав резултатот“, рече Ковачевски, на прес конференцијата по завршување на Советот за социјална сигурност за усогласување на пензиите.

 

ИНТЕРВЈУА

Маричиќ за ЦИВИЛ Медиа: Треба да ни бидат во интерес Уставните измени, за да направиме дистинкција помеѓу македонскиот народ и Бугарите

Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 21 за Трансевропска мрежа, заедно со Поглавјето 15 – Енергетика. Во исто време, во подготовка се извештаите за скрининг процесот за Кластерот 1 – Темели и Кластерот 2 – Внатрешен пазар.

 

Алаѓозовски: Ќе продолжиме со почитувањето и создавањето на мултикултурни вредности во нашето општество и на добриот соживот меѓу нашите граѓани

Со националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски разговаравме за текот и резултатите на имплементацијата на владината тригодишна стратегија „Едно општество за сите“, за новата стратегија која што е во напредно креирање  и разликите помеѓу двете стратегии.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Лага е дека средношколци починаа од употреба на дрога во Градски парк во Скопје

„Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив“, велат од МВР.

РЕАКЦИЈА НА МВР Поранешната универзитетската професорка, Виолета Ачкоска, отакако крена паника во државата, денеска во полиција се правадаше дека згрешила со објавениот статус дека средношколец наводно починал како последица од подметнување дрога во пијачката во некое кафуле.

СВЕТ Администрацијата на Бајден побара кинеските сопственици на ТикТок да ги отпишат своите удели во популарната видео апликација или ќе се соочат со можна забрана од САД, пренесуваа Ројтерс.

РЕГИОН Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи Жозеп Борел оцени дека сега е време Србија и Косово да се договорат за Анексот за имплементација, кој е составен дел на француско-германскиот договор за решавање на косовското прашање. .

ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Колку е поголем притисокот, толку побрзо ќе биде движењето кон обновување на нашиот територијален интегритет и меѓународниот правен поредок. Правиме се за нашите партнери да го почувствуваат тоа. Оваа потреба ќе продолжи да се притиска. Чекор по чекор. Постојано. Окупаторот мора да биде уништен“, истакна Зеленски, во неговото редовно видео излагање.

МУЛТИКУЛТУРА

Претставници на ЦИВИЛ – Центар за Слобода денеска се сретнаа со националниот координатор за мултикултурализам, едно општество и развој на културата, Роберт Алаѓозовски, по повод започнувањето на новиот проект на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург.

Роберт Алаѓозовски, национален координатор за мултикултурализам и Џабир Дерала, ЦИВИЛ Фотографија: Александар Ризински 16 март, 2023 година

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вучиќ спремен на компромис; советници од ЕУ и граѓански организации од Косово и Србија со писма до лидерите за потпишување на договорот; во најава уште разрешувања за случајот „Дехари“

Притисокот врз косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ за потпишување на договорот за нормализирање на односите помеѓу двете земји, што се очекува дека ќе се случи на 18 март во Охрид, доаѓа од сите страни. Советници на ЕУ и граѓански организации од Косово и Србија со писмо до Курти и Вучиќ, а во меѓувреме, српскиот претседател вели дека е спремен на одреден компромис за постигнување договор.

СЛОБОДНА ЗОНА

Големите теми секогаш ми изгледаат некако епски и моќно, необјасниво и мистично. Слободата е услов за човекот како битие да стане граѓанин кој е активен чинител во заедницата. Слободата е голема и тешка работа, посебно кога треба да ја носат слаби плеќи и стресени нозе. Со неа слабото општество не знае што да прави и се однесува како во чекална во која треба да пристигне некој лидер со посебни карактеристики и да ги реши натрупаните проблеми. Слободата треба да се брани, но и да се знае како да се носи за да не стане само параван за неслободата, пишува Војо Маневски во колумната „Изборни теми и дилеми“.

Се насобраа во јавниот простор купишта „бизнис гуруа“ и останати дилери од типот на техно-менаџерски „know-how“, и замислете – сите се патриоти. Ги знаете, мил им е патриотизмот, ама уште помил им е „sвездениот статус“ во македонскиот (пост)капиталистички свет, онака како што, да речеме, во „класична“ смисла на науката уживаат статус на sвезди еден Стивен Хокинг или Ричард Докинс. А останатата публика коja ги слуша напитоците на нашите Гуру-а, сепак не се „јајчари“ кои не знаат како да го потрошат денот, туку „топ менаџери“, што значи тоа се луѓе кои тесна специјалност им е економија со времето е парите. Така што веројатно тие знаат за што ги гледаат нашите „патриотски селебрити“, и кои сме сега ние да им сметаме?, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Техно-менаџерски „know-how“ патриоти“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ