• Latest
фото: Фејсбук на Арбен Таравари

Мицкоски и Таравари повторно ќе треба да разговараат за функционирањето на АА во Владата

May 6, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски и Таравари повторно ќе треба да разговараат за функционирањето на АА во Владата

May 6, 2025 11:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: Фејсбук на Арбен Таравари

фото: Фејсбук на Арбен Таравари

Share on FacebookShare on Twitter

Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов.

Вчерашната средба на Мицкоски и Таравари, закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ, како што брифираа од владината прес-служба за  МИА, поминала во конструктивен дух, а во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Од Владата информираа дека премиерот на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.

Мицкоски, вчера изјави дека Таравари треба да одбере една од двете опции – „патот на реформи и владеење на правото, борба за праведно општество и институции кои функционираат“ или ќе им се придружи на „оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“.

-Генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања во јавноста. По мене има, две опции за избор. Едната е оваа што ја нуди оваа Влада, на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа која што години наназад, повеќе од две децении ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција. Би сакал да слушнам од господинот Таравари која опција за него е, бидејќи јас не гледам трета опција, изјави премиерот Мицкоски, на новинарско преашање при посетата на Штип.

Тој оцени дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство и оти останува на него и неговите сопартијци да одлучат за една од двете опции“.

Со Таравари,  како што рече Мицкоски, во политиката комуницираат долго време и за него како човек има позитивно мислење, но, нагласи  „никого во животот не сум молел, ниту пак имам намера да молам“.

– Но, во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или имаш или немаш. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам дека во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. И кога имало моменти, кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата. Затоа задкулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и познаваат и најчесто ваквите задкулисни игри им се удираат од глава на оние кои што ги прават, изјави Мицкоски.

Претходно, во изјава во која ја најави средбата со Таравари, Мицкоски рече дека сака јасно да слушне „дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ“ за поддршка на изборите и порача дека за него тоа е неприфатливо.

Арбен Таравари, пак, вчера  изјави дека остануваат на одлуката донесена на Претседателството на партијата на Локалните избори во октомври да настапат со посебни советнички листи но дека ќе го слушне и ставот на премиерот по што ќе проценат како партија како ќе продолжат понатаму.

– Тоа што сме го поминале на Претседателство дека Алијанса за Албанците ќе има посебни советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Така што ќе го слушнеме и премиерот и потоа ќе процениме како продолжуваме понатаму, рече Таравари, на новинарско прашање  на настан во  Тетово.

По објавата на Таравари за настап со посебни советнички листи на локалните избори, неговите партнери од коалицијата Вреди, Алтернатива, Беса и Демократско движење, обвинија дека преговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и дека самиот се исклучил од Вреди. Таравари не учествуваше на состанокот на Алтернатива, Беса и Демократско движење на кој објавија дека коалицијата ќе дејствува како еден политички субјект. Според последните објави во медиумите, пратеникот Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на Влен, која ќе биде составена од девет пратеници, но до Собранието се уште не е доставено официјално известување.

Досегашниот координатор на пратеничката група на Вреди Халил Снопче, кој доаѓа од крилото на Алијансата на Албанците, предводено од Арбен Таравари, во изјава за медиумите  минатата недела истакна дека тој се уште е координатор на пратеничката група на „Влен“ од 14 пратеници, бидејќи се уште не е формирана нова пратеничка група.

– Доколку со девет потписи се обратат до Собранието дека имаат формирано нова пратеничка група, тогаш по автоматизам ние ќе дејствуваме со наша пратеничка група од петмина пратеници, рече Снопче.

Во Коалицијата „Влен“ од Алијансата за Албанците се пет пратеници – Мимоза Муса, Ријад Шаќири, Садик Сулејмани, Салим Сулејмани и Халил Снопче, а од трите други партии кои одлучија да делуваат како еден политички субјект –  од „Беса“ пратениците Аднан Азизи и Калтрина Беќири, од Демократско движење – Мерита Колчи Коџаџику, Саранда Имери-Стафаи и Фериде Хаџиу, од Алтернатива – Африм Гаши, Беким Сали и Имрлије Салиу-Фетаи и Беким Ќоку од Самоопределувањето на Албин Курти.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на новинарско прашање дали има некаков договор со Таравари за локалните избори,  рече дека во текот на неделава ќе бидат повикани сите органи на партијата и ќе бидат разгледани сите прашања.

-Сè уште нема финални разговори. ДУИ сè уште не ги повикала раководните тела на партијата. Во текот на неделава ќе бидат повикани највисоките партиски тела, ќе бидат разгледани сите ситуации. Секако, го цениме смелиот чекор на Таравари, бидејќи тој многу порано сфати дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада, нагласи Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека дека ја цени одлуката на Таравари да се одвои од „Влен“.

-Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече „јас не сум роден во влада“, и во моментот кога ќе стане неприфатлив, може да си замине. Но, ова се прашања на господинот Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на „Европскиот фронт“, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари кој треба да ги менаџира, рече Ахмети.

Евентуалното излегување на Таравари од владејачката коалиција во јавноста отвори дебата и за предвремени парламентари избори. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчера на новинарско прашање одговори дека нема потреба од предвремени избори.

Говорејќи како професор, таа посочи дека дека предвремени избори се потребни во услови на парализирани институциите, кога не можат да функционираат или кога владејачкото мнозинството е на границата на потребните 61.

– Да, има проблеми но институциите се справуваат со нив. Ќе има редовни локални избори кои го отсликуваат расположението на граѓаните. Понекогаш се лакмус за тестирање и на успешноста на власта, но апсолутно нема потреба од парламентарни избори, рече таа одговорајќи на прашање на медиумите.

Сиљановска – Давкова дополни дека истите оние кои сега повикуваат на предвремени избори беа најголемите противници на предвремени избори кога навистина имаше причина за тоа. 

Фото: ФБ на Таравари

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ