„Чесно е да кажете не ми е дозволено како претседател на партија заради тоа што сум инструмент на Груевски тоа го знае целата јавност и убаво е да го признаете тоа, буквално сте јас реков како еден плеј бек…За едно прашање немате став, за едно прашање, став да изградевте полесно ќе беше за Северна Македонија…“, посочи Заев во емисијата „Само вистина“ на дуел со Христијан Мицкоски.
„Немате став до ден денес, а треба да кажете во јавноста. Ако го поништувате договорот од Преспа треба да кажете, ако не го поништувате исто треба да кажете. Но мора конечно да кажете отворено пред граѓаните што планирате со договорот, што планирате со ЕУ за граѓаните, со Нато. Одговорете , кажете им на граѓаните кој е вашиот стаи“, изјави Заев
Мицковски повторно го избегна прашањето од Заев и не кажа што планираат со договорот од Преспа.