• Latest
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски повторно со дезинформации: Извртени факти за причините за паѓањето на владата во Романија

October 8, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мицкоски повторно со дезинформации: Извртени факти за причините за паѓањето на владата во Романија

October 8, 2021 14:18
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Извртување на факти и полуинформации од страна на Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои дезинформираат дека во Романија паднала владата како последица на пожар во ковид болница.

„Е па во Романија земја членка на ЕУ кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки…“ рече Мицкоски , пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

И Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред некој ден излезе со истата невистина дека во Романија пред пет дена поради пожар во болница со загубени пет човечки животи и оти таму падна целата Влада.

Истата вест преку партиско соопштение ја пренесуваат повеќе медиуми:

Во извештаите од светските новински агенции, што дел ги пренесува и МИА не се спомнува дека владата во Романија паѓа поради пожарот во ковид болницата, туку се наведуваат различни причини од критичната ковид ситуација во државата, па се до несогласувања околу планот за локални трошоци за развој и реформите во правосудството.

Централно-десничарската владина коалиција во Романија се распадна откако пратениците гласаа за соборување на администрацијата на премиерот Флорин Читу. Коалицијата се распадна минатиот месец кога реформскиот УСР ги повлече своите министри од владата поради несогласувања околу планот за локални трошоци за развој и реформите во правосудството.

Вистина е дека партијата ПСД кои се во опозиција ја обвинуваа владата на Циту и за неколкуте последователни пожари во болниците во Романија, но тоа не е директна последица за паѓање на Владата. Кризата во романската влада доаѓа од тоа што Романија, една од најсиромашните земји во Европската унија, се бори со смртоносниот четврти бран на коронавирус и додека Романците се соочуваат со огромни сметки во текот на зимата што доаѓа поради спиралните трошоци за енергија, пишува НДТВ.

„10.887 нови случаи и 169 починати на 1 октомври во Романија, еден ден откако беа регистрирани повеќе од 12.000 случаи – рекорд од почетокот на пандемијата. Вкупно 37.210 луѓе починале.

Од 1 октомври, имаше само шест слободни кревети на одделот за интензивна нега во целата земја, рекоа здравствените власти“, пренесе Радио слободна европа, коментирајќи дека комплицираната политичка пресметка е всушност тоа што ја доведе владата на Романија на работ на колапс.

Со извртување на фактите и полуинформации Мицкоски ја злоупотребува својата позиција како лидер на партија да дезинформира со цел да ќари политички поени.

Таквото поведение на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е забележано и во извештаите од Европската Унија.

Студија на Европската Унија во 2020 година, го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како извор на дезинформации. Профилот на социјалните мрежи од Мицкоски е наведен заедно со оние на Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации. Во студија на ЕУ се наведуваат и повеќе македонски медиуми финансирани од унгарски бизнисмени.

Студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“.

извор: Frontline 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ