• Latest

Мицкоски преку Милошоски ги кочи вработувањата преку „Отворен Балкан“

September 29, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски преку Милошоски ги кочи вработувањата преку „Отворен Балкан“

September 29, 2022 13:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Опозицијата не дава поддршка. Велат дека не им е јасна целта на „Отворен Балкан“, пишува Радио Слободна Европа.

Сè уште не се укинати работните дозволи за да може државјаните на Македонија, Албанија и Србија слободно да работат во која било од земјите.

Од владата ги повикуваат пратениците итно да ја свикаат собраниската Комисија за надворешни работи и да ги стават на дневен ред овие протоколи и договори.

Мицкоски преку Милошоски ги кочи вработувањата преку Отворен Балкан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, ги кочи вработувањата преку Отворен Балкан.

Мицкоски сега вели не знаел што е Отворен Балкан, иако лани велеше дека тоа е добра иницијатива, потсети Националната координаторка за регионална соработка и европски интеграции, Нора Исмајлоска Старова.

Мицкоски пред неполна година за српска Политика изјавуваше дека Отворен Балкан е добра можност за олеснета комуникација на земјите од регионот, а деновиве сосема спротивно се чуди како можеле да соработуваат две земји што не се граничат (Албанија и Србија) и дека немал информации за иницијативата, реагира  Исмајлоска Старова.

И Пратеникот Миле Талевски вчера го повика Антонио Милошоски да не ја кочи ратификацијата на договорите за Отврен Балкан и веднаш да закаже седница.

„Ги повикавме ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да ја прекине праксата којашто ја наметна во Собранието преку Комисијата за надворешни работи којашто ја раководи тој, а тоа е да кочи и да го блокира целиот процес којшто се однесува во делот на надворешната политика на нашата држава. Бараме да се откочат сите оние ратификации којшто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во поектот Отворен Балкан. Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски“, рече Талевски.

Националниот координатор за „Отворен Балкан“ и регионална соработка, Марјан Забрчанец во изјава за Фронтлајн, вели дека неодговорно и на штета на граѓаните и на бизнис секторот е блокирањето на договорите од Отворен Балкан од страна на пратеникот Милошоски.

„Ратификацијата на договорите за слободен пристап до пазарот на трудот и за идентификациски број за граѓаните на Отворен Балкан мора да се заврши во Собранието за да може да стартува проектот за слободно ангажирање работна сила во која било од трите држави без работни дозволи“ – вели Забрчанец.

Тој смета дека Милошоски има обврска да одговори на прашањата дали се работи за координиран обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат регионалната иницијатива што ја поддржуваат граѓаните од сите три држави.

Според Договорот потпишан во Тирана, договорните страни треба да ги поедностават административните процедури за влез, движење, престој и работа на граѓаните на земјите потписнички. А земјите ќе гарантираат дека сите ќе имаат еднаков пристап на работа, без разлика од која земја од потписничките доаѓаат.

Лицето кое ќе сака да работи во една од државите од Отворен Балкан нема да мора да добие работна дозвола и дозвола за престој во земјата што го прима.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ